Стилски, компактен дизајн Благодарение на снимањето на флеш меморија, LEGRIA FS200 е неверојатно компактна. Со тежина од само 230g, вие ќе можете да ја понесете камерата насекаде со себе.
Споделувајте ги снимките со мемориски картички LEGRIA FS200 нуди снимање директно на SD или SDHC мемориски картички – за полесно пренесување и споделување.
Куси видео записи Режимот на куси видео записи го олеснува креирањето на видео снимки кои потоа ќе можете да ги споделите со семејството и пријателите. При секое притиснување на копчето за снимање, се врши снимање на кус видео запис од 4 секунди. Едноставно додадете ги видео записите во листа за репродукција, изберете музичка тема и вашата снимка ќе биде подготвена за репродукција на телевизор – без потреба од уредување на PC. 4 секунди е просечната должина на еден ‘кадар’ во ТВ емисија, со што вашата крајна снимка ќе добие експертски изглед. Преснимете ја омилената музика на мемориска картичка со помош на испорачаниот Music Transfer Utility софтвер.
41x напредно зумирање DIGIC DV II процесорот, надополнет со оптичкиот квалитет на оригиналните Canon видео објективи, ви нуди до 41x напреден зум – така што вие ќе можете да се приближите и до далечните објекти.
Pre REC режим Во Pre REC режим, видео камерата започнува со снимање три секунди пред да го притиснете копчето за снимање. За оваа цел се врши континуирано складирање на 3 секунди видео и тие автоматски се додаваат на почетокот од вашата снимка откако ќе започнете со снимањето – вие никогаш повеќе нема да ги пропуштите најважните моменти.
Брзо полнење Флеш меморијата е неверојатно енергетски ефикасна, што ќе ви овозможи подолго снимање. По долгиот ден снимање, ќе ви бидат потребни само 20 минути дополнување за да добиете уште еден час снимање.
Приклучоци за микрофон и слушалки Кај новата LEGRIA FS200, приклучоците за микрофон и слушалки ќе ви овозможат прецизно снимање и мониторинг на звукот.
Режим на двојно снимање Кај двојното снимање сите контроли се префрлуваат на автоматско функционирање, давајќи ви слобода да ги обликувате фото снимките. Вие ќе можете да снимате висококвалитетни фотографии за време на снимањето видео, без да мора да вршите префрлување со контролното вртливо копче.
PIXELA софтвер Испорачаниот PIXELA™ софтвер го олеснува уредувањето и споделувањето: снимете DVD диск, претворете ги содржините во облик погоден за преснимување на интернет или пренесете ги на персонален медиски плеер. За снимање DVD диск со едно притиснување на копче, LEGRIA FS200 е компатибилна со DW-100 DVD снимачот на Canon (може да се купи одделно).
|