Двојна флеш меморија Со 16GB двојна флеш меморија, LEGRIA FS21 ви нуди снимање на внатрешна меморија и мемориска картичка. Складирајте преку 10 часа видео снимки на вградената меморија – или снимајте на SD и SDHC картички кои се одлични за споделување.
Дизајн Со тежина од околу 230g, LEGRIA FS21 е доволно лесна за да можете да ја понесете со себе насекаде.
Куси видео записи Режимот на куси видео записи го олеснува креирањето на видео снимки кои потоа ќе можете да ги споделите со пријателите и семејството. При секое притиснување на копчето за снимање, се врши снимање на кус видео запис од 4 секунди. Едноставно додадете ги видео записите во листа за репродукција, изберете музичка тема и веќе сте подготвени да ја погледнете вашата снимка на телевизор – без потреба од уредување на PC. 4 секунди е просечната должина на еден ‘кадар’ во ТВ емисија, со што вашата крајна снимка ќе добие експертски изглед. На камерата се вчитани пет музички теми со ослободени авторски права, но вие исто така можете да додадете сопствена музика со помош на испорачаниот Music Transfer Utility софтвер.
45x напреден зум Овозможувајќи ви да се доближите до саканото место, DIGIC DV II процесорот е надополнет со оптичката прецизност на оригиналните Canon видео објективи за добивање на неверојатен 45x напреден зум.
Мегапикселски CCD Снимајте извонредно видео и висококвалитетни фотографии со помош на мегапикселскиот CCD сензор.
Pre REC функција Во Pre REC режим, видео камерата започнува со снимање три секунди пред да го притиснете копчето за снимање. За оваа цел се врши континуирано складирање на 3 секунди видео и тие автоматски се додаваат на почетокот од вашата снимка откако ќе започнете со снимањето – вие никогаш повеќе нема да ги пропуштите најважните моменти.
Брзо полнење Една од предностите на флеш меморијата е тоа што таа користи многу помалку енергија во однос на алтернативните медиуми за снимање, што ќе ви овозможи подолго снимање. А кога ќе треба да ја дополните батеријата, ќе ви бидат доволни само 20 минути за да добиете уште еден час снимање.
Исклучителен звук Снимајте извонреден звук преку влезот за микрофон и вршете мониторинг преку приклучокот за слушалки.
Двојно снимање Кај двојното снимање сите контроли се префрлуваат на автоматско функционирање, давајќи ви слобода да ги обликувате фото снимките. Вие ќе можете да снимате висококвалитетно видео и фотографии, без да мора да вршите префрлување со контролното вртливо копче.
PIXELA софтвер Уредувањето и споделувањето на видео содржините е едноставно со помош на испорачаниот PIXELA™ софтвер – без оглед дали сакате да снимите DVD диск или да ги претворите видео снимките во облик погоден за преснимување на интернет или на персонален медиски плеер. Снимање на DVD диск со едно притиснување на копче е можно со помош на Canon DW-100 DVD снимач (може да се купи одделно).
|