За насЗа сите информации за организацијата Канон  |   Каде да се купиПронајдете го најблискиот добавувач на производи и решенија на Канон |   КонтактДетали за контакти во врска со глобалните активности на Канон Canon Makedonija
         
Почетна страница > за дома > Пронаоѓач на производ > Флеш меморија > LEGRIA FS22

Canon LEGRIA FS22
Флеш меморија

Архива на производи

LEGRIA FS22

LEGRIA FS22 со мегапикселски сензор ќе ви овозможи снимање на 21 час видео содржини на внатрешната меморија од 32GB – но можете да снимате и на SDHC картичка. Режимите за куси видео записи, двојно снимање и Pre REC ќе ви понудат забавно и едноставно снимање.

Карактеристики

  • 32GB двојна флеш меморија
  • Неверојатно компактен дизајн
  • Куси видео записи
  • 45x напреден зум на Canon
  • Мегапикселски CCD
  • Pre REC функција
  • Интелигентен батериски систем и брзо полнење
  • Приклучоци за микрофон и слушалки
  • Двојно снимање
  • PIXELA софтвер
Повеќе забава, повеќе слобода – мала тежина и слика со висок квалитет.



Двојна флеш меморија
Двојната флеш меморија од 32GB ви нуди комбинирано снимање на внатрешна меморија и мемориска картичка. На внатрешната меморија ќе можете да снимите речиси 21 час видео содржини; за дополнително снимање користете SD или SDHC картички.

Дизајн
Бидејќи користи флеш меморија, LEGRIA FS22 е доволно лесна за да можете да ја носите насекаде со вас и има тежина од само 230g.

Куси видео записи
Режимот на куси видео записи го олеснува креирањето на видео снимки кои потоа ќе можете да ги споделите со пријателите и семејството. При секое притиснување на копчето за снимање, се врши снимање на кус видео запис од 4 секунди. Едноставно додадете ги видео записите во листа за репродукција, изберете музичка тема и веќе сте подготвени да ја погледнете вашата снимка на телевизор – без потреба од уредување на PC. 4 секунди е просечната должина на еден ‘кадар’ во ТВ емисија, со што вашата крајна снимка ќе добие експертски изглед. На камерата се вчитани пет музички теми со ослободени авторски права, но вие исто така можете да додадете сопствена музика со помош на испорачаниот Music Transfer Utility софтвер.

41x напредно зумирање
DIGIC DV II процесорот од Canon е надополнет со оптичкиот квалитет на оригиналните Canon видео објективи за добивање на неверојатен 45x напреден зум – така што вие лесно ќе можете да се приближите до саканото место.

Мегапикселски CCD
Мегапикселскиот CCD сензор ви овозможува снимање на извонредно видео и висококвалитетни фотографии.

Pre REC функција
Во Pre REC режим, видео камерата започнува со снимање три секунди пред да го притиснете копчето за снимање. За оваа цел се врши континуирано складирање на 3 секунди видео и тие автоматски се додаваат на почетокот од вашата снимка откако ќе започнете со снимањето – вие никогаш повеќе нема да ги пропуштите најважните моменти.

Брзо полнење
Флеш меморијата користи многу помалку енергија во однос на алтернативните медиуми за снимање, што ќе ви овозможи подолго снимање. По снимањето во текот на денот, ќе ви бидат потребни само 20 минути дополнување за да добиете уште еден час снимање.

Приклучоци за микрофон и слушалки
Кај LEGRIA FS22 стандардно се достапни приклучоци за микорофон и слушалки – снимајте и вршете мониторинг на звукот за да добиете најдобри можни резултати.

Двојно снимање
Кај двојното снимање сите контроли се префрлуваат на автоматско функционирање, давајќи ви слобода да ги обликувате фото снимките. Вие ќе можете да снимате висококвалитетно видео и фотографии, без да мора да вршите префрлување со контролното вртливо копче.

PIXELA софтвер
Со испорачаниот PIXELA™ софтвер, уредувањето и споделувањето на снимките е едноставно – без оглед дали сакате да снимите DVD диск или да ги претворите фајловите во облик погоден за преснимување на интернет. Дополнително, LEGRIA FS22 е компатибилна со DW-100 DVD снимачот на Canon (може да се купи одделно).

 Испечати ја оваа страница 

Преземања
Брошури
Драјвери
Софтвер Console
Верзија 1.1
Сродни производи
ДВД Дигитални камкордери
Мини ДВ камкордери
Камкордери со флеш меморија
Проектори XEED
Компактни печатачи на фотографии SELPHY
  © Заштитени авторски права 2010 година   |   Одредби и услови за употреба   |   Sitemap
  © Заштитени авторски права 2010 година   |   Одредби и услови за употреба