За насЗа сите информации за организацијата Канон  |   Каде да се купиПронајдете го најблискиот добавувач на производи и решенија на Канон |   КонтактДетали за контакти во врска со глобалните активности на Канон Canon Makedonija
         
Почетна страница > за дома > Пронаоѓач на производ > Флеш меморија > LEGRIA FS305

Canon LEGRIA FS305
Флеш меморија

LEGRIA FS305

Изберете ја LEGRIA FS305 и почнете да го споделувате вашиот свет онлајн. Снимајте директно на мемориски картички, а потоа лесно преснимајте ги видео снимките на интернет. Режимот на куси видео записи овозможува уредување на видео записи и додавање музика во самата камера.

Карактеристики

  • Снимање на SD/SDHC мемориска картичка
  • Најмалата дигитална камера на Canon досега
  • Куси видео записи
  • 41x напреден зум
  • Двојно снимање
  • Стабилизатор на слика со динамички режим
  • Pre REC
  • 16:9 вистински широк формат и висока резолуција
  • Интелигентна батерија и брзо полнење
  • Компатибилност со DW-100 DVD снимач
Живејте го животот во целост.



Споделувајте ги снимките со мемориски картички
LEGRIA FS305 нуди снимање директно на SD или SDHC мемориски картички – за полесно пренесување и споделување.

Помала, полесна
LEGRIA FS305 е досега најлесната и најмалата дигитална камера изработена од Canon. Тоа ја прави одличен придружник во текот на целиот ден.

Видео снимки – додека да трепнете
Режимот на куси видео записи го олеснува креирањето на видео снимки кои потоа ќе можете да ги споделите со пријателите и семејството. При секое притиснување на копчето за снимање, се врши снимање на кус видео запис од четири секунди. Едноставно пренесете ги видео записите во листа за репродукција на мемориската картичка, изберете музичка тема и веќе сте подготвени да ја погледнете вашата снимка на телевизор – без потреба од уредување на PC. Просечната должина на еден ‘кадар’ во ТВ емисија е четири секунди, со што вашата крајна снимка ќе добие експертски изглед. На CD дискот кој се испорачува има примероци од музички теми, но вие исто така може да вчитате ваша музика на мемориската картичка.

41x напреден зум
Овозможувајќи ви да се доближите до саканото место, DIGIC DV II процесорот е надополнет со оптичката прецизност на оригиналните Canon видео објективи за добивање на неверојатен 41x напреден зум.

Двојно снимање
Кај двојното снимање сите контроли се префрлуваат на автоматско функционирање, правејќи ја камерата навистина лесна за употреба. Вие ќе можете да снимате висококвалитетно видео и фотографии, без да мора да вршите префрлување со контролното вртливо копче.

IS со динамички режим
Снимајте постабилно, дури и кога се движите. LEGRIA FS305 се одликува со стабилизатор на слика со нов динамички режим, кој врши компензација на поширок опсег на тресењето на камерата.

Pre REC
Во Pre REC режим, видео камерата започнува со снимање три секунди пред копчето за снимање да биде притиснато. Овие три секунди автоматски се додаваат на почетокот од секој видео запис, така што можете да ги снимите почетните важни моменти дури и ако предоцна го притиснете копчето за снимање.

16:9 вистински широк формат
Снимајте извонредни панорамски видео снимки со широк формат со сооднос од 16:9. Следете го вашиот видео материјал на ист начин како и на телевизор со широк формат преку 2,7" 16:9 LCD екран.

Интелигентна батерија и брзо полнење
Снимајте до 3,5 часа со едно полнење. Интелигентната батерија овозможува прикажување на преостанатото полнење во минути. Кога ќе треба да ја дополните батеријата, ќе ви бидат доволни само 20 минути за да добиете уште еден час снимање.

Лесно снимање на DVD диск
Лесно снимете DVD диск. DW-100 DVD снимачот на Canon (може да се купи одделно) овозможува едноставно снимање со едно притиснување на копче.

 Испечати ја оваа страница 

Преземања
Брошури
Драјвери
Сродни производи
ДВД Дигитални камкордери
Мини ДВ камкордери
Камкордери со флеш меморија
Проектори XEED
Компактни печатачи на фотографии SELPHY
  © Заштитени авторски права 2010 година   |   Одредби и услови за употреба   |   Sitemap
  © Заштитени авторски права 2010 година   |   Одредби и услови за употреба