За насЗа сите информации за организацијата Канон  |   Каде да се купиПронајдете го најблискиот добавувач на производи и решенија на Канон |   КонтактДетали за контакти во врска со глобалните активности на Канон Canon Makedonija
         
Почетна страница > за дома > Пронаоѓач на производ > Флеш меморија > LEGRIA FS37

Canon LEGRIA FS37
Флеш меморија

LEGRIA FS37

Патувајте насекаде и снимајте насекаде со LEGRIA FS37 – најмалата дигитална камера на Canon досега. Снимете прекрасни SD видео снимки на внатрешната флеш меморија од 16GB или пак, користете мемориски картички за лесно споделување.

Карактеристики

  • 16GB двојна флеш меморија
  • Најмалата дигитална камера на Canon
  • Куси видео записи
  • 41x напреден зум
  • Двојно снимање
  • Стабилизатор на слика со динамички режим
  • Pre REC
  • 16:9 систем со вистински широк формат и висока резолуција
  • Интелигентна батерија и брзо полнење
  • Компатибилност со DW-100 DVD снимач
Живот во движење.



Двојна флеш меморија
Со 16GB двојна флеш меморија, LEGRIA FS37 ви нуди снимање на внатрешна меморија и мемориска картичка. Складирајте преку 10 часа видео снимки на вградената меморија – или снимајте на SD и SDHC картички кои се одлични за споделување.

Помала, полесна
LEGRIA FS37 е досега најлесната и најмалата дигитална камера изработена од Canon. Тоа ја прави одличен придружник во текот на целиот ден.

Видео снимки – додека да трепнете
Режимот на куси видео записи го олеснува креирањето на видео снимки кои потоа ќе можете да ги споделите со пријателите и семејството. При секое притиснување на копчето за снимање, се врши снимање на кус видео запис од четири секунди. Едноставно пренесете ги видео записите во листа за репродукција на мемориската картичка, изберете музичка тема и веќе сте подготвени да ја погледнете вашата снимка на телевизор – без потреба од уредување на PC. Просечната должина на еден ‘кадар’ во ТВ емисија е четири секунди, со што вашата крајна снимка ќе добие експертски изглед. На CD дискот кој се испорачува има примероци од музички теми, но вие исто така може да вчитате ваша музика на мемориската картичка.

41x напреден зум
Овозможувајќи ви да се доближите до саканото место, DIGIC DV II процесорот е надополнет со оптичката прецизност на оригиналните Canon видео објективи за добивање на неверојатен 41x напреден зум.

Двојно снимање
Кај двојното снимање сите контроли се префрлуваат на автоматско функционирање, правејќи ја камерата навистина лесна за употреба. Вие ќе можете да снимате висококвалитетно видео и фотографии, без да мора да вршите префрлување со контролното вртливо копче.

IS со динамички режим
Снимајте постабилно, дури и кога се движите. LEGRIA FS37 се одликува со стабилизатор на слика со нов динамички режим, кој врши компензација на поширок опсег на тресењето на камерата.

Pre REC
Во Pre REC режим, видео камерата започнува со снимање три секунди пред копчето за снимање да биде притиснато. Овие три секунди автоматски се додаваат на почетокот од секој видео запис, така што можете да ги снимите важните моменти дури и ако предоцна го притиснете копчето за снимање.

16:9 вистински широк формат
Снимајте извонредни панорамски видео снимки со широк формат со сооднос од 16:9. Следете го вашиот видео материјал на ист начин како и на телевизор со широк формат преку 2,7" 16:9 LCD екран.

Интелигентна батерија и брзо полнење
Снимајте до 3,5 часа со едно полнење. Интелигентната батерија овозможува прикажување на преостанатото полнење во минути. Кога ќе треба да ја дополните батеријата, ќе ви бидат доволни само 20 минути за да добиете уште еден час снимање.

Лесно снимање на DVD диск
Лесно снимете DVD диск. DW-100 DVD снимачот на Canon (може да се купи одделно) овозможува едноставно снимање со едно притиснување на копче.

 Испечати ја оваа страница 

Преземања
Брошури
Драјвери
Сродни производи
ДВД Дигитални камкордери
Мини ДВ камкордери
Камкордери со флеш меморија
Проектори XEED
Компактни печатачи на фотографии SELPHY
  © Заштитени авторски права 2010 година   |   Одредби и услови за употреба   |   Sitemap
  © Заштитени авторски права 2010 година   |   Одредби и услови за употреба