Уникатната XF105 е најмалата видео камера на Canon која вклучува MPEG-2, 50Mbps, 4:2:2 Full HD кодек. Можноста за поврзување во студио, професионалниот звук и напредното прилагодување обезбедуваат исклучителна разновидност.
|
- Снимање на MPEG-2 на 2 CF картички до 50Mbps (4:2:2)
- Лесен и компактен дизајн; XLR влезови
- HD видео објектив со 10x зум од Canon
- Тип 1/3 Full HD CMOS сензор од Canon
- HD-SDI, временски код, Genlock; помошни функции за 3D
- LCD екран од 8,8cm (3,5’’) со 920k точки; EVF од 0,6cm (0,24”) со 260k точки
- Променливи стапки на слики
|
Снимање на MPEG-2 до 50Mbps (4:2:2) XF105 овозможува снимање на MPEG-2 MXF (Media eXchange Format) фајлови – до 1920 x 1080 Full HD со 50Mbps (4:2:2) – на релативно евтини и лесно достапни CompactFlash (CF) мемориски картички. Пренасоченото снимање со двата отвори за картички овозможува снимањето да продолжи без прекин, додека истовременото снимање во двата отвори ви овозможува да го зачувате истиот снимен материјал на двете картички.
Лесен и компактен дизајн; XLR влезови Нудејќи ви исклучителна функционалност при рака, издржливиот и лесен дизајн обезбедува исклучителна разновидност. Користејќи ги двата XLR влезови, како и стерео микрофонот кој е монтиран однапред, може да се сними Linear PCM звук.
HD видео објектив со 10x зум од Canon Следејќи ја експертизата на Canon за објективи за вршење преноси, XF105 се одликува со брз, широкоаголен HD видео објектив (f1,8-f2,8, 30,4mm) од Canon со вграден контролен прстен за прилагодување на зумот, фокусот или ирисот. Напредниот систем со оптички стабилизатор на слика помага во намалувањето на хроматската аберација, одржувањето на острината и намалувањето на големината на објективот.
Тип 1/3 Full HD CMOS сензор од Canon Full HD CMOS сензорот со 2,07MP – дизајниран и произведен во Canon - снима Full HD видео со стандардна резолуција од 1920x1080. Сензорот е опремен со филтер за бои со Bayer шаблон за висока чувствителност и широк динамички опсег; технологијата за читање на податоци со голема брзина го минимизира искривувањето предизвикано од вртење на блендата кое може да се појави кај CMOS видео камерите.
HD-SDI, временски код, Genlock; помошни функции за 3D HD-SDI излезот е стандарден и овозможува излез на некомпресирано Full HD со вграден звук и временски код. Комбинацијата од Genlock влез и влезот/излезот со временски код овозможуваат XF105 да се користи за снимање со повеќе камери. Genlock и помошните функции за снимање во 3D (водич за OIS поместување на оска и фокусна должина) поддржуваат снимање на стереоскопско 3D видео со користење на две видео камери.
LCD екран од 8,8cm (3,5’’) со 920k точки; EVF од 0,6cm (0,24”) со 260k точки Двете видео камери се одликуваат со голем LCD екран кој е странично монтиран. Овој екран од 8,8cm (3,5”) се одликува со остра резолуција со 920k точки, вграден монитор за бранови форми и функција за фокусирање на рабовите која помага во поставување на кадарот. Исто така, достапен е и EVF од 0,61cm (0,25’’) со 260k точки и 100% покриеност.
Променлива стапка на слики Достапен е широк опсег на стапки на слики, од 12 до 50 fps. Тоа на камерманите им овозможува слободно да ја менуваат стапката на снимање за дополнителна креативна флексибилност.
Поддршка за CPS * Ексклузивната видео поддршка за CPS на Canon нуди приоритетни услуги за поправка, гарантирајќи брза заработувачка.
* За повеќе информации за државите во кои CPS програмата е активна, ве молиме погледнете на http://www.canon-europe.com/cps
|