Класичен IXUS дизајн Digital IXUS 95 IS се одликува со лесен компактен дизајн за практично сместување во вашиот џеб или торба. Тој е достапен во избор од четири бои: сребрена, сива, сина или розова.*
10 мегапиксели Резолуцијата од 10 мегапиксели ви овозможува да ги печатите сликите со димензии на постери, или да вршите креативно отсекување без да ги загубите потребните детали.
3,0x зум Објективот со оптички зум од 3,0x ви нуди голема флексибилност при обликувањето на кадарот. Оптичката стабилизација на сликата од Canon овозможува добивање на незаматени резултати низ целиот опсег на зумирање.
Технологија за откривање на сцената за полесно користење Интелигентниот автоматски режим ја користи технологијата за откривање на сцената за идентификување на типот на сцената врз база на осветленоста на објектот, контрастот, оддалеченоста и општите нијанси. Фотоапаратот потоа го избира најсоодветниот режим на сцена - помеѓу достапните 18 режими - заради поставување на совршените параметри и едноставно користење "насочи-и-фотографирај".
Спречување на заматеноста со технологија за откривање движење Технологијата за откривање движење користи повеќе напредни методи за откривање на движењето на фотоапаратот и објектот, и одредување на брзината на движењето. Притоа автоматски се поставуваат оптималните ISO вредности за секаква ситуација.
Технологија за откривање лице Групата технологии за откривање лице нуди детекција на до 35 ликови во една снимка, вршејќи прилагодување на фокусот, експозицијата, блицот и балансот на белата боја - за добивање на оптимални резултати со природен изглед на кожата. Ликовите можат да бидат откриени дури и во профил, под одреден агол во однос на фотоапаратот, или на големи растојанија. Тајмерот за снимателот овозможува снимање кога ќе се детектира ново лице во кадарот – со што се олеснува снимањето на групни фотографии.
DIGIC 4 обработка со голема брзина DIGIC 4 процесорот на Canon овозможува извонредна брзина на обработка, одличен одзив и врвен квалитет на сликата и боите. Деталната и појасна слика, дури и при високи ISO брзини, е резултат на напредното намалување на шум.
2,5” LCD екран Обликувајте и прегледувајте ги снимките на осветлениот 2,5” PureColor LCD II екран со врвни детали, кој располага со заштита од рефлексија, гребнатини и прав. Широкиот агол на гледање ќе ви овозможи лесно споделување на снимките со пријателите.
i-Contrast i-Contrast функцијата врши анализа на сцената при снимањето или репродукцијата, осветлувајќи ги темните делови без премногу да се осветлат светлите делови. Ова помага да се откријат претходно скриените детали во затемнетите делови од сликата.
VGA видео снимки Кон фотографиите придодадете и забавни VGA видео снимки со 30fps. Режимот за долга репродукција ви дозволува да складирате двапати подолго количество на снимен материјал на мемориската картичка.
*Некои варијанти на бои може да не бидат достапни во некои региони.
|