14,7 MP дигитален IXUS 980 IS претставува комбинација на техничка супериорност со уникатен, стилизиран црн или сребрен дизајн. Опремен со најновиот процесор на Canon DIGIC 4, тој ги комбинира современите автоматски карактеристики со Рачната контрола.
|
14,7 мегапиксели Со неверојатниот сензор со 14,7 мегапиксели за зачудувачки снимки со висока резолуција, дигиталниот IXUS 980 IS доловува огромен број детаљи за големи снимки и креативна манипулација со слики.
Висок стил Дигиталниот IXUS 980 IS нуди извонреден стил и врвен квалитет, со финиш во две бои: црна или сребрена.
Современа оптика Високо квалитетните леќи со 3,7x зум, обезбедуваат разновидност и супериорни резултати при снимање и на снимки и на филмови. Познатата технологија на оптички стабилизатор на слика на Canon го спречува тресењето на камерата заради постигнување на слика со врвен квалитет.
Преземете контрола. Првиот дигитален IXUS со Рачна контрола, дигиталниот IXUS 980 IS ви овозможува снимање во услови кои бараат повеќе, или пак креативно експериментирање. Дополнителните 20 автоматски режими вклучуваат БрзоСнимање (QuickShot), за екстра прилагодливо снимање на предмети кои се движат брзо или настани во движење.
DIGIC 4 Со најновата технологија за процесирање на слика која е вградена во него, DIGIC 4 обезбедува зачудувачко намалување на изобличеноста. Добиениот резултат се слики богати со детаљи, чисти слики, дури и кога се снима со високи ISO брзини. DIGIC 4 исто така нуди исклучителни брзини на процесирање и прилагодливо работење.
Технологија на откривање лице Одлични фотографии на луѓе се постигнуваат со најновата технологија за Откривање на лице (Face Detection AF/AE/FE/WB), дури и на лица што се наоѓаат во агол и на поголема оддалеченост. Избор и следење на лице (Face Select & Track) ги оптимизира нагодувањата за избраното лице, додека пак FaceSelf-Timer ве чека да го внесете кадарот за снимање на поголеми групи. Автоматската корекција на црвени очи ги елиминира црвените очи за време на снимањето и репродуцирањето.
Ја чисти заматеноста Дигиталниот IXUS 980 IS се справува со заматеноста со Високата ISO технологија за автоматско детектирање на движење (High ISO Auto and Motion Detection Technology), која го потврдува движењето и на камерата и на предметот за да го нагоди оптималниот ISO. Серво AF ги следи преметите во движење за да овозможи тие да останат во фокусот.
Оптимален контраст i-Contrast ја зајакнува осветленоста во темни области на сликата. Резултатот е подобрен контраст со задржани детаљи во услови на не многу добро осветлување.
Голем ЛЦД 2,5" PureColor LCD II нуди одличен контраст и пренесување на бојата, плус широк агол на гледање за полесно ставање во кадар, репродуцирање и навигација на мени - дури и под различни агли или под природна сончева светлина. Оптичкиот визир ви нуди избор кога ставате снимки во кадар.
Лесен пристап Вртењето со повеќе контроли (Multi Control Dial) обезбедува брз, практичен и точен пристап до ставките, функциите и сликите во менито за време на репродуцирањето. Прилагодете го системот на менито со Мое мени за брз пристап до функциите што најмногу ги користите.
Филмови Снимете спонтани, високо квалитетни 30fps VGA филмови со звук.
|