|
|
|
Надминувајќи ги границите со 10x оптички зум, IXUS 1000 HS се одликува со компактно метално куќиште со прекрасен стил. Импресионирајте ги сите со HS системот за квалитет на слика, Full HD видео и фотографирање со голема брзина.
|
|
Карактеристики |
- 10x оптички зум со стабилизација на сликата
- Компактно, стилско метално куќиште
- HS систем, CMOS сензор со 10,0 MP
- Full HD видео снимки, динамичен IS
- 7,6 cm (3,0") PureColor II G LCD екран
- Извонредни забавени видео снимки
- Интелигентен автоматски режим и интелигентна експозиција при блиц
- Режими на фотографирање, избирање најдобра слика
- Тајмер за трепкање
- Совети
|
|
| 10x зум, IXUS стил |
|
10x оптички зум со стабилизација на сликата Извонредно компактниот објектив со 10x зум содржи напредна оптичка стабилизација на слика која овозможува фотографирање со поголеми фокусни растојанија и при слабо осветлување без потреба од статив.
Компактно, елегантно метално куќиште Со неговиот модерен и метален IXUS дизајн и објектив со моќен зум кој целосно се вовлекува нема да треба да правите компромис помеѓу практичноста и стилот.
HS систем со CMOS сензор со 10,0 мегапиксели и висока чувствителност HS системот обезбедува врвен квалитет на сликата при секакви услови на осветлување. CMOS сензорот со 10,0 мегапиксели и висока чувствителност овозможува брзо континуирано фотографирање и нуди специјални функции со голема брзина како рачно снимање на ноќни сцени и извонредни забавени видео снимки.
Full HD видео снимки со динамичен IS Снимете ги најдобрите моменти во Full HD (1080p) со стерео звук и користете го HDMI приклучокот на фото апаратот за поврзување со HD телевизор и споделување на забавата со пријателите. Следете ги предметите користејќи го оптичкиот зум од 10x - благодарение на динамичната стабилизација на слика, вашите видео снимки ќе бидат постабилни и поостри дури и ако снимате во движење.
Голем 7,6 cm (3,0”) PureColor II G LCD екран Овој модел се одликува со PureColor II G LCD екран кој има заштитно прекалено стакло кое нуди зголемена цврстина, подобар контраст и пошироки агли на гледање.
Извонредни забавени видео снимки и фотографирање со голема брзина Извонредните забавени видео снимки се снимаат со 240 слики во секунда и ги забавуваат динамичните случувања како спортот или дивината, а со групното снимање со голема брзина нема да пропуштите ниту момент благодарение на континуираното снимање со 8,8 снимки во секунда (2,5MP) користејќи го капацитетот на картичката
Интелигентен автоматски режим Обликувајте го кадарот и оставете фото апаратот да го направи останатото. Користејќи повеќе технологии од Canon, интелигентниот автоматски режим може да открие различни предмети во разни услови за фотографирање и автоматски да ги избере најдобрите подесувања од 28 променливи.
Разни режими на фотографирање во кои спаѓа режим за избирање најдобра слика Режимот за избирање најдобра слика врши групно снимање на 5 фотографии со голема брзина, автоматски ја избира најдобрата и ја зачувува. Сцените со слаба осветленост може да се снимат без потреба од статив благодарение на режимот за рачно снимање на ноќни сцени.
Интелигентна бленда со тајмер за трепкање Интелигентната бленда нуди 3 практични и релаксирани начини за далечинско активирање на блендата, во кои спаѓа и тајмерот за трепкање кој слика по 2 секунди откако ќе открие трепкање.
Совети Повеќето опции во менијата за фотографирање и репродукција се објаснети со кратки упатства кои ќе ви помогнат да го разберете фото апаратот и да ја зголемите вашата креативност.
|
|
 |
|