- 12x зум, широк агол од 28mm. Интелигентна стабилизација на слика
- HS систем (12,1 MP)
- Извонредно компактно метално куќиште
- 8,0 cm (3,2") PureColor II LCD екран на допир
- Full HD, напојувана стабилизација на слика
- Интелигентен автоматски режим (32 сцени)
- Групно снимање со голема брзина и извонредни забавени видео снимки
- iFrame видео. Составување видео снимки
- Креативни режими
- Совети
|
Разновидно снимање со остра слика Објективот од Canon овозможува приближување со оптичкиот зум од 12x, додека широкиот агол од 28mm опфаќа повеќе во кадарот за добивање на прекрасни групни снимки и неверојатни пејзажи. Интелигентната стабилизација на слика автоматски го прилагодува оптичкиот стабилизатор на слика кон сцената со помош на 7 режими за да го спречи заматувањето и да обезбеди остри, детални фотографии и видео записи.
HS систем (12,1 MP) HS системот се истакнува при слаба осветленост, овозможувајќи снимање на реалистичната атмосфера на моментот без блиц или статив. DIGIC 4 процесорот со високи перформанси и сензорот со висока чувствителност заедно овозможуваат супериорен квалитет на сликата во секакви ситуации.
Тенок и стилски дизајн Извонредно компактен спој од првокласен стил и врвна технологија кој лесно може да го чувате во вашиот џеб.
Контрола на дофат на вашите прсти Големиот PureColor II LCD екран на допир од 8,0 cm (3,2") нуди интуитивна контрола на допир за брзо и едноставно ракување и јасна репродукција. Во напредните контроли спаѓа AF со допир за фокусирање на снимките, бленда со допир за фокусирање и активирање на снимката и прилагодлив распоред на функциите.
Full HD видео снимки Направете Full HD (1080p) видео снимки со стерео звук кои со гордост ќе ги споделите. Користете го оптичкиот зум за да се приближите до случувањата додека напојуваната и динамичната стабилизација на слика ја задржува стабилноста на видео снимките. Наменското копче за видео за момент врши префрлување од фотографии во режим на видео, а приклучокот HDMI-CEC овозможува едноставна репродукција на HD телевизор.
Интелигентен автоматски режим Снимајте висококвалитетни фотографии или видео снимки без напор со интелигентниот автоматски режим, кој ја открива сцената и ги избира совршените подесувања од 32 променливи (21 кај видео снимки). Сè што треба да направите е да насочите и да снимате.
Групно снимање со голема брзина. Извонредни забавени видео снимки Групното снимање со голема брзина нуди постојано снимање на фотографии, доловувајќи 7,8 снимки во секунда (3,0 MP), за да не пропуштите ништо. Извонредните забавени видео снимки ги забавуваат динамичните случувања до 1/8 од вистинската брзина.
iFrame видео (720p). Составување видео снимки Снимајте HD видео записи (720p) кои се соодветни за PC и Mac во оптимизираниот формат Apple iFrame за брзо вчитување, лесно уредување и едноставно споделување. Функцијата за составување видео снимки снима до 4 секунди пред секоја фотографија, а потоа ги соединува записите снимени во текот на денот во дополнителна VGA видео снимка.
Креативни режими Истражете ја вашата креативност со забавните режими за снимање. Во ефектите спаѓа ефект на фотоапарат-играчка за добивање на фотографии со постар изглед, минијатурен ефект за трансформирање на фотографии или сцени од видео снимки во макети и црно-бел ефект.
Совети Интерфејсот со едноставните пораки со совети нуди водич за менито во чекори кои го олеснува учењето на функциите и подесувањата на фотоапаратот.
|