|
|
|
Благодарение на HS системот за одлични снимки при слаба осветленост, интелигентниот автоматски режим и Full HD видео снимките, IXUS 115 HS со стилско метално куќиште ви овозможува да уживате во забавата.
|
|
Карактеристики |
- HS систем (12,1 MP)
- 28mm, 4x зум. Оптичка стабилизација на слика
- Тенко метално куќиште
- 7,6 cm (3,0") PureColor II G LCD екран
- Full HD. Динамичка стабилизација на слика HDMI
- Интелигентен автоматски режим (32 сцени)
- Групно снимање со голема брзина и извонредни забавени видео снимки
- Составување видео снимки
- Креативни режими на снимање
- Изборни водоотпорни куќишта
|
|
| Фокусирајте се на забавата |
|
HS систем (12,1 MP) HS системот се истакнува при слаба осветленост, овозможувајќи снимање на реалистичната атмосфера на моментот без блиц или статив. DIGIC 4 процесорот со високи перформанси и сензорот за слика со висока чувствителност нудат супериорен квалитет на сликата во секакви ситуации.
28mm, 4x зум. Оптичка стабилизација на слика Квалитетниот широкоаголен објектив од 28mm на Canon ви нуди поголеми можности за фотографирање, почнувајќи од снимки на големи групи па сè до забави во затворени простории. Зумот од 4x со оптички стабилизатор на слика го олеснува зумирањето на деталите без тресење на фотоапаратот.
Тенко метално куќиште Металното куќиште додава чувство на цврстина кај фотоапаратот и стилска завршница, додека тенкиот дизајн го прави лесен за носење насекаде
7,6 cm (3,0") PureColor II G LCD екран Големиот екран со надворешен слој од прекалено стакло ја зголемува јачината и нуди голема видливост со неверојатен контраст и бои во голем опсег на услови. Широкиот агол на гледање овозможува лесно споделување на вашите слики и видео снимки со пријателите.
Full HD видео снимки и динамичен IS со HDMI Отсега можете да снимате висококвалитетни видео снимки во Full HD 1080p формат со 24fps. Динамичката стабилизација на слика се погрижува за стабилноста на вашиот снимен материјал додека снимате, а HDMI приклучокот го спречува намалувањето на квалитетот при репродукција на HD телевизор.
Интелигентен автоматски режим Интелигентниот автоматски режим е целосно автоматизиран - откривајќи до 32 различни сцени за фотографирање па така можете да сликате одлични слики со целосна самодоверба, знаејќи дека фотоапаратот ќе се погрижи за останатото.
Групно снимање со голема брзина и извонредни забавени видео снимки Снимајте динамични движења со помош на режимот на групно снимање со голема брзина или забавете го движењето со помош на режимот на извонредни забавени видео снимки. И двата режима обезбедуваат возбудливи и спектакуларни начини за снимање на динамични објекти.
Составување видео снимки Режимот за составување видео снимки снима до 4 секунди од движењата пред да ја снимите фотографијата, а потоа ги спојува сите записи од истиот ден во една VGA видео снимка која можете да ја додадете на вашата колекција на фотографии.
Креативни режими на снимање Креативните режими на снимање ви нудат можност да експериментирате. Ефектот на рибино око создава изобличување со објектив во вид на рибино око, додека минијатурниот ефект ги претвора пејзажите во модели со минијатурна големина. За добивање на изглед и чувство на слика снимена со постар фотоапарат пробајте го ефектот на фотоапарат-играчка.
Изборни водоотпорни куќишта Откријте го светот на подводното фотографирање со покомпактното, лесно и достапно куќиште WP-DC310L кое овозможува фотографирање на длабочини до 3m или со куќиштето WP-DC39 за длабочини до 40m.
|
|
 |
|