|
|
|
Сместен во тенко, стилско метално куќиште, IXUS 125 HS е опремен со голем број корисни функции - така што снимањето прекрасни фотографии е навистина лесно, дури и при слаба осветленост. Функцијата за идентификација на лица им дава приоритет на пријателите, а Full HD видео снимките ја зголемуваат забавата.
|
|
Карактеристики |
- Прекрасно тенко метално куќиште со агол од 24mm и зум од 5x
- HS систем: CMOS сензор со 16,1 MP и DIGIC 5
- Интелигентна стабилизација на слика
- 7,5 cm (3,0") PureColor II G LCD екран
- Full HD видео снимки
- Интелигентен автоматски режим (58 сцени)
- Идентификација на лица
- Фотографирање со голема брзина
- Составување видео снимки (720p)
- Изборна водоотпорна торбичка
|
|
| Тенок, едноставен и впечатлив IXUS |
|
Прекрасно тенко метално куќиште со агол од 24mm и зум од 5x IXUS 125 HS се одликува со прекрасно тенко метално куќиште кое е доволно мало за да го носите насекаде. Опфатете повеќе во кадарот за да добиете прекрасни групни снимки и панорамски пејзажи со извонредно широкиот агол од 24mm и искористете го оптичкиот зум од 5x (до 10x со ZoomPlus) за да се приближите до далечните објекти.
HS систем: CMOS сензор со 16,1 MP и DIGIC 5 HS системот се истакнува при слаба осветленост и ви овозможува да ја снимите реалистичната атмосфера од моментот без блиц или статив. Напредната обработка со DIGIC 5 и CMOS сензорот со висока чувствителност и 16,1 мегапиксели нудат исклучителен квалитет на слика во секакви ситуации.
Интелигентна стабилизација на слика Интелигентната стабилизација на слика автоматски го прилагодува оптичкиот стабилизатор на слика кон сцената со помош на 7 режими – со цел да ги неутрализира движењата, да го спречи заматувањето и да обезбеди остри и детални фотографии и видео записи при целосен зум и при слаба осветленост.
7,5 cm (3,0") PureColor II G LCD екран Големиот и висококвалитетен LCD екран со 460k точки и одлична видливост овозможува едноставно обликување на кадарот, прегледување на сликите од кој било агол, како и навигација низ менито без напор. Надворешниот слој од прекалено стакло нуди дополнителна издржливост.
Full HD видео снимки Снимајте врвни Full HD (1080p) видео содржини со 24fps, стерео звук и оптички зум. Интелигентната стабилизација на слика овозможува неверојатна стабилност на снимениот материјал при снимање, дури и при целосен зум. HDMI поврзувањето обезбедува репродукција без загуби во квалитетот на HD телевизор.
Интелигентен автоматски режим (58 сцени) Снимајте прекрасни фотографии или видео снимки без напор со интелигентниот автоматски режим, кој ја открива сцената и ги избира совршените подесувања од 58 променливи (21 кај видео снимки). Тој може да се користи и за лица зачувани со функцијата за идентификација на лица и да ги прилагоди подесувањата за снимање во зависност од откриената возраст – на пример ги исклучува блицот и звуците доколку открие бебе кое спие.
Идентификација на лица Идентификацијата на лица ви овозможува да регистрирате до 12 лица од семејството и пријателите, така што тие автоматски ќе станат приоритет при фокусирањето на секоја снимка, а може и да ги обележи нивните имиња на сликите за да можете лесно да ги пронајдете при репродукцијата.
Фотографирање со голема брзина Користете го режимот за групно снимање со голема брзина за да ги доловите непрекинатите динамични движења или забавете го времето со режимот за извонредни забавени видео снимки. Рачното снимање на ноќни сцени врши комбинирање на серија слики снимени со голема брзина во еден фајл, за да овозможи снимање на ноќни сцени без статив.
Составување видео снимки (720p) Функцијата за составување видео снимки снима видео запис од 4 секунди пред да биде снимена секоја фотографија, а потоа ги соединува сите снимени кратки записи во дополнителна HD (720p) видео снимка.
Изборна водоотпорна торбичка Заштитете го вашиот фотоапарат во надворешни услови и снимајте под вода на длабочина до 3m со помош на водоотпорната торбичка.
|
|
 |
|