- Ултра тенок и метален IXUS
- 14,1 MP
- Широк агол од 28mm, 4x зум. Оптичка стабилизација на слика
- 6,9 cm (2,7”) PureColor II G LCD екран
- Интелигентен автоматски режим, откривање на лице. Совети
- HD видео снимки. HDMI
- Интелигентна бленда
- Интелигентна експозиција при блиц, i-Contrast
- DIGIC 4 и Servo AF/AE
- Креативни режими на снимање
|
Ултра тенок дизајн Со своето тенко и елегантно метално куќиште, IXUS 130 привлекува восхитувачки погледи при секое користење. Изберете една од четирите варијанти на бои: сребрена, црна, портокалова и розова.*
14,1 мегапиксели Резолуцијата од 14,1 MP ви овозможува да ги печатите сликите со димензии на постери, или да вршите креативно отсекување за да добиете совршени резултати.
Широкоаголен 28mm објектив со 4,0x зум Широкоаголниот 28mm (милиметарски) објектив е совршен за снимање пејзажи или групни фотографии, додека 4,0x оптичкиот зум ќе ви овозможи да се приближите до вашиот објект. Оптичката стабилизација на сликата од Canon ја неутрализира заматеноста на сликата која се јавува поради тресењето низ целиот опсег на зумирање.
6,9 cm (2,7”) PureColor II G LCD екран За едноставно обликување, споделување и навигација низ менијата, IXUS 130 се одликува со 6,9 cm (2,7”) PureColor II G LCD екран – неговиот слој од прекалено стакло ја зајакнува површината и ја подобрува видливоста. Изборните совети на екранот ве водат низ функциите на фотоапаратот.
Снимање без напор Интелигентниот автоматски режим користи технологија за откривање на сцена за да ја одреди сцената која се фотографира преку осветленоста на објектот, контрастот, оддалеченоста и општите нијанси. Фотоапаратот потоа ја избира најсоодветната сцена од 22 можни сцени и ги поставува најдобрите параметри за оптимални резултати. Интелигентната експозиција при блиц ги контролира моќноста и користењето на блицот за да обезбеди резултати со природен изглед во најразлични услови.
Технологија за откривање лице Групата технологии за откривање на лице открива до 35 лица во сцената и ги прилагодува фокусот, експозицијата, блицот и балансот на белата боја - за добивање оптимални резултати и природен изглед на кожата.
High Definition видео снимки Направете извонредни HD 720p видео снимки. Искористете го интегрираниот HDMI приклучок за едноставно поврзување со компатибилен HD телевизор.
Интелигентна бленда Овој разновиден режим на снимање ви овозможува да го активирате снимањето на фотографијата од далечина преку трепкање или насмевка или, пак, кога ќе влезе ново лице во кадарот.
DIGIC 4 DIGIC 4 процесорот обезбедува детална и јасна слика, дури и при високи ISO брзини. Тој овозможува исклучителна брзина на обработка, одличен одзив и Servo AF/AE – кој врши следење на предметите во движење за да обезбеди тие да останат во фокусот и да имаат правилна експозиција кога блендата целосно ќе се притисне.
Креативни режими на снимање Во режимите на снимање спаѓаат режимот слаба осветленост, кој ви овозможува да го снимите природниот амбиент на сцената без блиц; режимот минијатурен ефект, кој создава прекрасен пејзаж во вид на модел; и режимот ефект на рибино око, кој го пресоздава изобличувањето од објективот во вид на рибино око за додавање на интересна перспектива на конечниот резултат.
*Некои варијанти на бои може да не бидат достапни во одредени региони.
|