- 14,1 MP
- Широк агол од 24mm, 5x зум. Оптичка стабилизација на слика
- 8,8 cm (3,5") PureColor II LCD екран на допир
- Напреден екран на допир
- Интелигентен автоматски режим, откривање на лице. Совети
- HD видео снимки. HDMI
- Интелигентна бленда
- Интелигентна експозиција при блиц, i-Contrast
- DIGIC 4 и Servo AF/AE
- Креативни режими на снимање
|
14,1 мегапиксели Тенок, метален и достапен во четири бои*, IXUS 210 претставува ремек-дело со IXUS дизајн. 14,1 мегапиксели ви овозможуваат да печатите слики со димензии на постери или да вршите отсекување за да добиете совршени резултати.
Ултра широкоаголен 24mm објектив со 5,0x зум Ултра широкоаголниот 24mm (милиметарски) објектив е совршен за снимање пејзажи или групни фотографии, додека 5,0x оптичкиот зум ќе ве приближи до вашиот објект. Оптичката стабилизација на сликата од Canon ја неутрализира заматеноста на сликата која се јавува поради тресењето на фотоапаратот.
8,8 cm (3,5”) PureColor II LCD екран на допир Широкиот LCD екран нуди одлично гледање и обликување на HD видео снимки и фотографии. Широкиот агол на гледање и одличниот приказ на боите и контрастот, обезбедуваат јасно прегледување дури и при силно сонце.
Контрола преку екран на допир Автоматскиот фокус со допирање ви овозможува да го задржите фокусот со допирање на екранот, додека големите икони и советите на екранот ве водат низ клучните подесувања. За да преминете низ фотографиите, повлечете го вашиот прст преку екранот или притиснете за да добиете зголемен или индексен приказ. Дејствата со допир ви овозможуваат да користите движења на екранот за извршување на различни задачи. Контролата со потчукнување ви овозможува движење помеѓу сликите кога ќе го потчукнете куќиштето на апаратот.
Снимање без напор Снимањето одлични фотографии е едноставно - интелигентниот автоматски режим користи технологија за откривање на сцена за да ја одреди сцената која се фотографира преку осветленоста на објектот, контрастот, оддалеченоста и нијансите. Фотоапаратот ја избира најсоодветната сцена од 22 можни сцени и ги поставува оптималните параметри. Интелигентната експозиција при блиц интелигентно го прилагодува фокусот за добивање најдобри резултати.
Технологија за откривање лице Технологијата за откривање на лице открива до 35 лица и ги прилагодува фокусот, експозицијата, блицот и балансот на белата боја - за добивање оптимални резултати и природен изглед на кожата. Режимот интелигентна бленда ви овозможува да го активирате снимањето на фотографијата преку трепкање, насмевка или, пак, откога ќе влезе ново лице во кадарот.
High Definition видео снимки Направете извонредни HD 720p видео снимки, а потоа искористете го интегрираниот HDMI приклучок за поврзување со компатибилен HD телевизор.
DIGIC 4 DIGIC 4 процесорот обезбедува детална и јасна слика заедно со функционирање на апаратот со одличен одзив со Servo AF/AE – кој врши следење на предметите во движење за да обезбеди тие да останат во фокусот и да имаат правилна експозиција кога блендата целосно ќе се притисне.
Креативно снимање Во режимите на снимање спаѓаат режимот слаба осветленост, кој ви овозможува да го снимите природниот амбиент на сцената без блиц; режимот минијатурен ефект, кој создава прекрасен пејзаж во вид на модел; и режимот ефект на рибино око, кој го пресоздава изобличувањето од објективот во вид на рибино око за додавање на нова перспектива.
*Некои варијанти на бои може да не бидат достапни во одредени региони.
|