HS систем (12,1 MP) HS системот се истакнува при слаба осветленост, овозможувајќи снимање на реалистичната атмосфера на моментот без блиц или статив. DIGIC4 процесорот со високи перформанси и сензорот со висока чувствителност нудат супериорен квалитет на сликата во секакви ситуации.
24mm, 5x зум. Оптичка стабилизација на слика Висококвалитетниот и исклучително широкоаголен објектив од 24mm на Canon е извонредно флексиблен и овозожува да опфатите повеќе во кадарот, почнувајќи од огромни пејзажи па сè до забави во затворени простории. Зумот од 5x со оптички стабилизатор на слика го олеснува приближувањето на деталите и ја намалува заматеноста на сликата.
Куќиште од челик кој не ’рѓосува Танкото и стилско метално куќиште додаваат чувство на квалитет со соодветни перформанси кај фотоапаратот.
6,7 cm (2,7") PureColor II G LCD екран LCD екранот кој е обложен со прекалено стакло е издржлив, силен и нуди одличен контраст, а тоа ви овозможува брзо и прецизно обликување и прегледување на сликите од секој агол.
Full HD со оптички зум. Динамичка стабилизација на слика Отсега можете да снимате висококвалитетни видео снимки во Full HD (1080p) формат. Двата елементи кои го надополнуваат одличниот видео квалитет се кристално чистиот стерео звук и динамичката стабилизација на слика, која врши стабилизирање на видео снимките при тресење. HDMI приклучокот со CEC ви овозможува да уживате во вашите спомени на HD телевизор и да ја пребарувате галеријата со помош на далечинскиот управувач на телевизорот.
Интелигентен автоматски режим Интелигентниот автоматски режим е целосно автоматизиран, при што фотоапаратот може да открие 32 различни сцени. Имајте потполна доверба во снимањето на одлични фотографии, знаејќи дека фотоапаратот ќе се погрижи за останатото, овозможувајќи ви да уживате во моментот.
Групно снимање со голема брзина и извонредни забавени видео снимки Снимајте фотографии со динамични движења со брзина до 8,0 снимки/секунда со помош на режимот на групно снимање со голема брзина или забавете го движењето до 1/8 од вистинската брзина со помош на режимот на извонредни забавени видео снимки.
Составување видео снимки
Режимот за составување видео снимки снима до 4 секунди од движењата пред да ја снимите фотографијата, а потоа ги спојува сите записи од истиот ден во една VGA видео снимка која можете да ја додадете на вашата колекција на фотографии.
Креативни режими на снимање Креативните режими на снимање ви нудат можност да експериментирате. Ефектот на рибино око создава изобличување со објектив во вид на рибино око, додека минијатурниот ефект ги претвора пејзажите во модели со минијатурна големина и кај фотографиите и кај видео снимките. За добивање на изглед и чувство на слика снимена со постар фотоапарат пробајте го ефектот на фотоапарат-играчка.
Изборни водоотпорни куќишта Запознајте се со подводното фотографирање со компактното и достапно куќиште WP-DC320L - за длабочини до 3m или поиздржливото и целосно функционално куќиште WP-DC41 - за длабочини до 40m.
|