- 8x зум, широкоаголен објектив од 28mm. Интелигентна стабилизација на слика
- HS систем (12,1 MP)
- Интелигентно, тенко метално куќиште
- 7,5 cm (3,0") PureColor II G LCD екран
- Full HD, напојувана стабилизација на слика
- Интелигентен автоматски режим (32 сцени)
- Групно снимање со голема брзина и извонредни забавени видео снимки
- iFrame видео. Составување видео снимки
- Креативни режими
- Совети
|
Острина, разновидност, интелигенција Моќниот оптички зум од 8x ви овозможува да ги доловите деталите на оддалечените објекти или да вметнете повеќе во кадарот со помош на широкоаголниот објектив од 28mm за добивање на прекрасни групни снимки и пејзажи. Интелигентната стабилизација на слика автоматски го прилагодува оптичкиот стабилизатор на слика кон сцената со помош на 7 режими за да го спречи заматувањето и да обезбеди остри и детални фотографии и видео записи.
HS систем HS системот се истакнува при слаба осветленост, овозможувајќи снимање на реалистичната атмосфера на моментот без блиц или статив. DIGIC 4 процесорот со високи перформанси и сензорот со висока чувствителност заедно овозможуваат супериорен квалитет на сликата во секакви ситуации.
Интелигентни и компактни Еден од најтенките достапни фотоапарати со зум од 8x, IXUS 230 HS се одликува со компактно, елегантно метално куќиште кое е доволно мало за носење во џеб.
7,5 cm (3,0") PureColor II G LCD екран Големиот и висококвалитетен LCD екран со 460k точки овозможува едноставно обликување на кадарот, прегледување на сликите од кој било агол и навигација низ менито без напор. Надворешниот слој од прекалено стакло нуди одлична издржливост.
Full HD видео снимки, напојувана IS Направете Full HD (1080p) видео снимки со стерео звук кои со гордост ќе ги споделите. Користете го оптичкиот зум за да се приближите до случувањата додека оптичката стабилизација на слика ја задржува стабилноста на вашите видео снимки. Наменското копче за видео за момент ви овозможува да преминете од фотографии во режим на видео, а приклучокот HDMI-CEC овозможува едноставна репродукција на HD телевизор.
Интелигентен автоматски режим Снимајте висококвалитетни фотографии или видео снимки без напор со интелигентниот автоматски режим, кој ја открива сцената и ги избира совршените подесувања од 32 променливи (21 кај видео снимки). Сè што треба да направите е да насочите и да снимате.
Групно снимање со голема брзина. Извонредни забавени видео снимки Групното снимање со голема брзина нуди постојано снимање на фотографии, доловувајќи 8,7 снимки во секунда (3,0 MP), за да не пропуштите ништо. Извонредните забавени видео снимки ги забавуваат динамичните случувања дури до 1/8 од вистинската брзина.
iFrame видео (720p). Составување видео снимки Снимајте HD видео записи (720p) кои се соодветни за PC и Mac во оптимизираниот формат Apple iFrame за брзо вчитување, лесно уредување и едноставно споделување. Функцијата за составување видео снимки снима до 4 секунди пред секоја фотографија, а потоа ги соединува записите снимени во текот на денот во дополнителна VGA видео снимка.
Креативни режими Истражете ја вашата креативност со забавните режими за снимање. Во ефектите спаѓа ефект на фотоапарат-играчка за добивање на фотографии со постар изглед, минијатурен ефект за трансформирање на фотографии или сцени од видео снимки во макети и црно-бел ефект.
Совети Интерфејсот со едноставните пораки со совети нуди водич за менито во чекори кои го олеснува учењето на функциите и подесувањата на фотоапаратот.
|