|
|
|
IXUS 310 HS се одликува со голем, интуитивен екран на допир, функции со голема брзина и Full HD видео снимки. Осветлениот, исклучително широк објектив од 24mm со f/2,0 и HS системот снимаат неверојатни снимки, и дење и ноќе.
|
|
Карактеристики |
- HS систем (12,1 MP)
- f/2,0, 24mm, 4,4x зум. Оптичка стабилизација на слика
- Куќиште од челик кој не ’рѓосува
- 8,0 cm (3,2") PureColor II LCD екран на допир
- Full HD со оптички зум. Динамичка стабилизација на слика
- Интелигентен автоматски режим (32 сцени)
- Групно снимање со голема брзина и извонредни забавени видео снимки
- Составување видео снимки
- iFrame видео
- Креативни режими и рачна контрола
|
|
| Стил и чувствителност |
|
HS систем (12,1 MP) HS системот се истакнува при слаба осветленост, овозможувајќи снимање на реалистичната атмосфера на моментот без блиц или статив. DIGIC4 процесорот со високи перформанси и сензорот со висока чувствителност нудат супериорен квалитет на сликата во секакви ситуации.
f/2,0, 24mm, 4,4x зум. Оптичка стабилизација на слика Осветлениот објектив со f/2,0 снима фотографии при слаба осветленост и подвижни објекти при големи брзини на блендата на неверојатен начин. Исклучително широката покриеност од 24mm ќе ви дозволи да внесете повеќе содржини во кадарот, додека напредната оптичка стабилизација на слика од Canon го намалува заматувањето предизвикано од тресењето на фотоапаратот.
Куќиште од челик кој не ’рѓосува Тенкото метално куќиште додава чувство на квалитет кај фотоапаратот и користењето го прави задоволство, а воедно го задржува и стилскиот изглед кој го отелотворува IXUS.
8,0 cm (3,2") PureColor II LCD екран на допир PureColor II LCD екранот на допир нуди исклучителен контраст, резолуција и приказ на бои. Напредниот интерфејс на екранот на допир ви овозможува да го прилагодите екранот кон вашиот стил на фотографирање и да го направите користењето на фотоапаратот брзо и забавно.
Full HD со оптички зум. Динамичка стабилизација на слика Отсега можете да снимате висококвалитетни видео снимки во Full HD (1080p) формат. Двата елементи кои го надополнуваат одличниот видео квалитет се кристално чистиот стерео звук и динамичката стабилизација на слика, која врши стабилизирање на видео снимките при тресење.
Интелигентен автоматски режим Интелигентниот автоматски режим е целосно автоматизиран, при што фотоапаратот може да открие 32 различни сцени. Верувајте дека можете да снимите одлични фотографии, знаејќи дека фотоапаратот ќе се погрижи за останатото.
Групно снимање со голема брзина и извонредни забавени видео снимки Снимајте фотографии со динамични движења со брзина до 8,2 снимки/секунда со помош на режимот на групно снимање со голема брзина или забавете го движењето до 1/8 од вистинската брзина со помош на режимот на извонредни забавени видео снимки.
Составување видео снимки Режимот за составување видео снимки снима до 4 секунди од движењата пред да ја снимите фотографијата, а потоа ги спојува сите записи од истиот ден во една VGA видео снимка која можете да ја додадете на вашата колекција на фотографии.
iFrame видео Видео форматот iFrame претставува едноставен начин за брзо увезување, уредување и споделување на вашите видео снимки.
Креативни режими на снимање и рачна контрола Креативните режими на снимање ви нудат можност да експериментирате. Ефектот на рибино око создава изобличување со објектив во вид на рибино око, додека минијатурниот ефект ги претвора пејзажите во модели со минијатурна големина. За добивање на изглед и чувство на слика снимена со постар фотоапарат пробајте го ефектот на фотоапарат-играчка.
|
|
 |
|