IXUS 500 HS нуди голем зум од 12x во извонредно компактно метално куќиште - овозможувајќи ви да добиете врвен стил. Благодарение на HS системот, интелигентната стабилизација на слика и интелигентниот автоматски режим, снимањето на прекрасни слики е едноставно, дури и при слаба осветленост.
|
Зум од 12x во мало и извонредно метално куќиште Со малото метално куќиште и неверојатната завршна обработка, IXUS 500 HS се одликува со моќен оптички зум од 12x кој може да се прошири до 21x благодарение на ZoomPlus. Огромниот зум нуди широк опсег на опции за фотографирање и ви овозможува да се доближите до далечните објекти, без разлика дали снимате фотографии или видео снимки.
HS систем: CMOS сензор со 10,1 MP HS системот се истакнува при слаба осветленост и ви овозможува да ја снимите реалистичната атмосфера од сцената без блиц или статив. Напредната обработка со DIGIC 5 и CMOS сензорот со висока чувствителност и 10,1 мегапиксели нудат одличен квалитет на слика во секакви ситуации.
Интелигентна стабилизација на слика Интелигентната стабилизација на слика автоматски го прилагодува оптичкиот стабилизатор на слика кон сцената со помош на 7 режими – со цел да ги неутрализира движењата, да го спречи заматувањето и да обезбеди остри и детални фотографии и видео снимки при целосен зум и при слаба осветленост.
7,5 cm (3,0") PureColor II G LCD екран Големиот и висококвалитетен LCD екран со 460k точки и одлична видливост овозможува едноставно обликување на кадарот, прегледување на сликите од кој било агол, како и навигација низ менито без напор. Надворешниот слој од прекалено стакло нуди одлична издржливост.
Full HD видео снимки Снимајте врвни Full HD (1080p) видео содржини со 24fps, стерео звук и оптички зум. Интелигентната стабилизација на слика овозможува неверојатна стабилност на снимениот материјал при снимање, дури и при целосен зум. HDMI поврзувањето обезбедува висококвалитетна репродукција на HD телевизор.
Интелигентен автоматски режим (58 сцени) Снимајте прекрасни фотографии или видео снимки без напор со интелигентниот автоматски режим, кој ја открива сцената и ги избира совршените подесувања од 58 променливи. Тој може да се користи и за лица регистрирани со функцијата за идентификација на лица и да ги прилагоди подесувањата за снимање според возраста на личноста – на пример ги исклучува блицот и звуците доколку открие бебе кое спие или го активира континуираниот автоматски фокус доколку открие деца постари од 2 години.
Идентификација на лица Идентификацијата на лица ви овозможува да регистрирате до 12 лица од семејството и пријателите, така што тие автоматски ќе станат приоритет при фокусирањето на секоја снимка, а може и да ги обележи нивните имиња на сликите за да можете лесно да ги пронајдете при репродукцијата.
Фотографирање со голема брзина Никогаш не пропуштајте го моментот. Снимајте динамични движења со режимот за групно снимање со голема брзина или забавете ги брзите движења со режимот за извонредни забавени видео снимки. Рачното снимање на ноќни сцени врши комбинирање на серија слики снимени со голема брзина во еден фајл, за да овозможи снимање на ноќни сцени без статив.
Составување видео снимки (720p) Функцијата за составување видео снимки снима до 4 секунди пред секоја фотографија, а потоа ги соединува записите снимени во текот на денот во дополнителна HD (720p) видео снимка.
Изборна водоотпорна торбичка Заштитете го вашиот фотоапарат во надворешни услови и снимајте под вода на длабочина до 3m со помош на изборната водоотпорна торбичка.
|