За насЗа сите информации за организацијата Канон  |   Каде да се купиПронајдете го најблискиот добавувач на производи и решенија на Канон |   КонтактДетали за контакти во врска со глобалните активности на Канон Canon Makedonija
         
Почетна страница > за дома > Пронаоѓач на производ > Компактни дигитални фото-апарати > PowerShot > PowerShot A1100 IS

Canon PowerShot A1100 IS
Компактни дигитални фото-апарати

PowerShot A1100 IS

Практичниот PowerShot A1100 IS нуди функции за откривање на сцената, откривање на лице и откривање на движење за оптимизирање на параметрите и добивање на врвни резултати – користењето речиси се сведува на насочување и фотографирање.

Карактеристики

  • 12,1 MP
  • 4x оптички зум
  • Интелигентен автоматски и едноставен режим со технологијата за откривање на сцената
  • Откривање лице со AF/AE/FE/WB и избирање и следење на лик
  • Технологија за откривање движење
  • Автоматска корекција на црвени очи
  • DIGIC 4
  • 2,5” LCD екран со ОВ
  • Компактен дизајн со 3 варијации на бои*
  • VGA видео снимки
Едноставно насочете и фотографирајте за извонредни резултати.



12,1 мегапиксели
Сензорот од 12,1 MP вие ќе можете да ја снимите секоја сцена со неверојатни детали – да печатите со A2 големина, или да вршите отсекување заради постигнување на саканата композиција без да ги загубите потребните детали.

4x оптички зум со оптичка стабилизација на сликата
Оптичкиот зум од 4x овозможува широк избор на опции за обликување на кадарот. Со оптичката стабилизација на сликата од Canon се задржува острината на сликата и се намалува влијанието на тресењето низ целиот опсег на зумирање.

Одлични фотографии без напор
Интелигентниот автоматски режим ја користи технологијата за откривање на сцената за одредување на осветленоста на објектот, контрастот, оддалеченоста и општите нијанси. Фотоапаратот потоа го избира најсоодветниот режим на сцена помеѓу достапните 18 режими, заради поставување на совршените параметри за сцената. Во едноставниот режим се обезбедува правилно користење на апаратот преку деактивирање на сите копчиња освен оние кои се употребуваат за фотографирање.

Технологија за откривање лице
Групата технологии за откривање лице нуди детекција на до 35 ликови во една снимка, вршејќи прилагодување на фокусот, експозицијата, блицот и балансот на белата боја - за добивање на оптимални резултати со природен изглед на кожата. Функцијата за избирање на лице и следење ви овозможува избирање на поединечен лик и негово означување како главен лик на фотографијата. Тајмерот за снимателот овозможува снимање кога ќе се детектира ново лице во кадарот – со што се олеснува снимањето на групни фотографии.

Технологија за откривање движење
Технологијата за откривање движење користи повеќе напредни методи за откривање на движењето на фотоапаратот и објектот, и одредување на брзината на движењето. Притоа автоматски се поставуваат оптималните ISO вредности за секаква ситуација.

Автоматска корекција на црвени очи
Технологијата за откривање на лице се користи за прецизно отстранување на ефектот на црвени очи кој е предизвикан од фотографирањето со блиц. Оваа функција може да се изврши автоматски од стрна на апаратот или рачно при репродукцијата.

DIGIC 4 обработка
DIGIC 4 процесорот на Canon овозможува одличен одзив и врвен квалитет на сликата и боите. Напредното намалување на шум нуди детална и јасна слика, дури и при високи ISO брзини.

2,5” LCD екран со ОВ
Светлиот 2,5” LCD екран овозможува едноставно прегледување на фотографиите и видео снимките. За обликување на снимките избирајте помеѓу LCD екранот и оптичкиот визир (ОВ).

Компактен дизајн со 3 варијации на бои*
Компактен и пренослив, PowerShot A1100 IS нуди одлично чувство при допир и е достапен во три современи бои: сина, розова или сребрена

VGA видео снимки
Снимајте беспрекорни 30fps VGA видео записи со едно притиснување на копче. Специјалната опција за долга репродукција користи околу половина од просторот на вообичаена мемориска картичка.

*Некои варијанти на бои може да не бидат достапни во некои региони

 Испечати ја оваа страница 

Преземања
Брошури
Драјвери
PowerShot A1100 IS
примероци од слики
Сродни производи
Дигитален IXUS
Линија со водоотпорно куќиште
Компактни печатачи на фотографии SELPHY
Дигитални SLR фото-апарати
  © Заштитени авторски права 2010 година   |   Одредби и услови за употреба   |   Sitemap
  © Заштитени авторски права 2010 година   |   Одредби и услови за употреба