|
|
|
Разновидниот PowerShot A1200 го прави снимањето фотографии со Canon квалитет лесно и забавно. Благодарение на оптичкиот визир, широкоаголното зумирање од 4x, HD видео снимките и интелигентниот режим, тој е совршен за доловување на најдобрите моменти од животот.
|
|
Карактеристики |
- 12,1 мегапиксели
- 28mm ширина, објектив со зум од 4x
- 6,8 cm (2,7") LCD екран, плус оптички визир
- Интелигентен автоматски режим, едноставен режим и совети
- HD видео снимки (720p)
- Режим за намалување на заматувањето
- Контрола на прегледување во живо и креативни филтери
- Откривање на лице, автоматска корекција на црвени очи
- DIGIC 4
- AA батерии
|
|
| Насочете, обликувајте и фотографирајте |
|
12,1 мегапиксели Сензорот со висока резолуција ги снима сите детали од вашиот објект, нудејќи ви слобода за создавање на многу големи испечатени материјали или за отсекување со цел да добиете совршена композиција.
28mm ширина, објектив со зум од 4x Објективот со оптички зум од 4x и широкоаголен приказ од 28mm ви овозможува да фотографирате огромен број на далечни објекти како пејзажи и да добиете поширока покриеност при фотографирање во затворени места како забави во затворени простории.
6,8 cm (2,7") LCD екран, плус оптички визир Големиот екран со остра слика го олеснува обликувањето и споделувањето на снимките со пријателите. Исто така, PowerShot A1200 се одликува со оптички визир кој овозможува лесно обликување на вашите објекти, дури и во услови на многу силна светлина.
Интелигентен автоматски режим, едноставен режим и совети Благодарение на интелигентниот автоматски режим, ќе можете да снимате одлични фотографии со притиснување на едно копче. Фотоапаратот автоматски ја избира најсоодветната сцена од 32 можни сцени и ги применува најдобрите подесувања за да добиете совршена слика. Едноставниот режим спречува случајно менување на подесувањата, додека советите нудат кратко објаснување на функциите на фотоапаратот
HD видео снимки (720p) со минијатурен ефект на видео Снимањето на 720p видео снимки ви овозможува да снимате сцени со High Definition квалитет. Минијатурниот ефект на видео ги прави сцените со пејзажи да изгледаат како забавени видео снимки во вид на минијатурни макети.
Режим за намалување на заматувањето При фотографирање на објекти во движење или при слаба осветленост кога лесно може да настане заматување, режимот за намалување на заматувањето обезбедува појасни резултати без заматување
Контрола на прегледување во живо и креативни филтери Контролата на прегледување во живо овозможува едноставно прилагодување на разни подесувања на сликата при обликување на кадарот. 6 креативни филтери, вклучувајќи минијатурен ефект и ефект на фото апарат-играчка, кои обезбедуваат импресивни резултати кои ќе ја разгорат вашата имагинација
Откривање на лице, автоматска корекција на црвени очи Технологијата за откривање на лице овозможува откривање до 35 лица во еден кадар и овозможува луѓето да останат во фокус и со оптимална осветленост. Ефектот на црвени очи автоматски се отстранува, веднаш по снимање на сликата или за време на репродукцијата.
DIGIC 4 DIGIC 4 процесорот на Canon овозможува одличен одзив и врвен квалитет на сликата и боите. Напредното намалување на шум нуди детална и јасна слика, дури и при високи ISO брзини.
AA батерии За овозможување на врвна практичност, PowerShot A1200 користи две AA батери кои се достапни низ целиот свет.
|
|
 |
|