- 14,1 мегапиксели
- 28mm ширина, објектив со зум од 4x
- 6,8 cm (2,7") LCD екран
- Интелигентен автоматски режим, едноставен режим и совети
- HD видео снимки (720p)
- Режим за намалување на заматувањето
- Контрола на прегледување во живо и креативни филтери
- Откривање на лице, автоматска корекција на црвени очи
- DIGIC 4
- Литиум-јонска батерија
|
14,1 мегапиксели Сензорот со висока резолуција ги снима сите детали од вашиот објект, нудејќи ви слобода за создавање на многу големи испечатени материјали или за отсекување со цел да добиете совршена композиција.
28mm ширина, објектив со зум од 4x За повеќе опции при обликување на кадарот, објективот со оптички зум од 4x и широкоаголен приказ од 28mm ви овозможува да фотографирате огромен број на далечни објекти како пејзажи и да добиете поширока покриеност при фотографирање во затворени места како забави во затворени простории.
6,8 cm (2,7") LCD екран Големиот екран со остра слика го олеснува обликувањето и споделувањето на снимките со пријателите. Објектите ќе се прикажат со одлични детали, а репродукцијата е извонредна благодарение на петте различни подесувања на осветленоста, овозможувајќи ви да ја прилагодите за секакви услови на осветлување.
Интелигентен автоматски режим, едноставен режим и совети Благодарение на интелигентниот автоматски режим, ќе можете да снимате одлични фотографии со притиснување на едно копче. Фотоапаратот автоматски ја избира најсоодветната сцена од 32 можни сцени и ги применува најдобрите подесувања за да добиете совршена слика. Едноставниот режим спречува случајно менување на подесувањата, додека советите нудат кратко објаснување на функциите на фотоапаратот.
HD видео снимки (720p) со минијатурен ефект на видео Снимањето на 720p видео снимки ви овозможува да снимате сцени со High Definition квалитет. Минијатурниот ефект на видео ги прави сцените со пејзажи да изгледаат како забавени видео снимки во вид на минијатурни макети.
Режим за намалување на заматувањето При фотографирање на објекти во движење или при слаба осветленост кога лесно може да настане заматување, режимот за намалување на заматувањето обезбедува појасни резултати, без заматување
Контрола на прегледување во живо и креативни филтери Контролата на прегледување во живо овозможува едноставно прилагодување на разни подесувања на сликата при обликување на кадарот. 6 креативни филтери, вклучувајќи минијатурен ефект и ефект на фото апарат-играчка, кои обезбедуваат импресивни резултати кои ќе ја разгорат вашата имагинација.
Откривање на лице, автоматска корекција на црвени очи Технологијата за откривање на лице овозможува откривање до 35 лица во еден кадар и овозможува луѓето да останат во фокус и со оптимална осветленост. Ефектот на црвени очи автоматски се отстранува, веднаш по снимање на сликата или за време на репродукцијата.
DIGIC 4 DIGIC 4 процесорот на Canon овозможува одличен одзив и врвен квалитет на сликата и боите. Напредното намалување на шум нуди детална и јасна слика, дури и при високи ISO брзини.
Литиум-јонска батерија Литиум-јонската батерија нуди лесно и едноставно решение за напојување со можност за повторно полнење.
|