Квалитетни слики од 10,0 мегапиксели Сензорот од 10,0 мегапиксели го доловува секој дел од сцената со остри и живописни детали. Направете совршен печатен материјал со големина до A3, или вршете отсекување без губење на фините детали.
Објектив со 4x оптички зум Објективот со 4x оптички зум е дизајниран и произведен од Canon според високите стандарди кои се среќаваат низ фотографската палета на Canon. Со оптичката стабилизација на слика (IS) се задржува острината на сликите преку намалување на заматувањето предизвикано од тресење на фотоапаратот.
Јасен и осветлен 2,7” LCD екран Лесно обликувајте, прегледувајте и споделувајте ги вашите снимки на големиот 2,7” LCD екран со висока резолуција.
Снимање без напор Интелигентниот автоматски режим користи интелигентна технологија за откривање на сцената за да ја процени осветленоста, контрастот, растојанието, потребната експозиција на блиц и општите нијанси на објектот – а потоа избира оптимални параметри за снимање. Лесниот режим ги деактивира сите контроли, освен најпотребните, и го намалува бројот на икони на екранот за навистина лесно користење.
Технологија за откривање движење Технологијата на Canon за откривање на движење со која се спречува заматувањето ги открива движењата на фотоапаратот и објектот. Потоа се поставува оптималното ISO ниво заради минимизирање на заматеноста и максимизирање на квалитетот на сликата.
Технологија за откривање лице Групата технологии за откривање на лице овозможува детектирање на повеќе лица во сцената и прилагодување на фокусот, експозицијата, блицот и балансот на белата боја - за добивање оптимални резултати и природен изглед на кожата. Тајмерот за снимателот го олеснува снимањето на групни фотографии, при што снимањето се врши по влегување на ново лице во кадарот. Автоматската корекција на црвени очи го препознава и отстранува ефектот на црвени очи кој може да се јави при фотографирање со блиц.
18 режими на снимање Во изборот од 18 режими на снимање спаѓаат режимот екстра живописност, кој придодава живописни бои на вашите фотографии; режимот ефект на постер, кој креативно го намалува бројот на боите за добивање ефект во вид на постер со ретро изглед; и режимот слаба осветленост, наменет за прекрасни снимки во потемни услови.
Тенок и стилски дизајн PowerShot A3000 IS се одликува со тенок и модерен дизајн кој однапред е метален и има завршна обработка со две нијанси на црна и сребрена боја.
DIGIC III Освен тоа што овозможува интелигентни технологии кај фотоапаратите, како што е интелигентниот автоматски режим, DIGIC III процесорот на Canon обезбедува брз одзив, врвен квалитет на сликата, напредно намалување на шумот и прецизна репродукција на боите.
Надополнување со енергија Вклучени се тенка, лесна и моќна литиум-јонска батерија на Canon и полнач.
VGA видео снимки Кон фотографиите придодадете и забавни VGA видео снимки со 30fps проследени со звук. Режимот за долга репродукција ви дозволува да складирате двапати поголемо количество на снимен материјал на мемориската картичка.
|