- 14,1 мегапиксели
- 28mm ширина, објектив со зум од 5x
- Оптички стабилизатор на слика
- 6,7 cm (2,7") LCD екран
- Интелигентен автоматски режим, едноставен режим и совети
- HD видео снимки (720p) со динамички IS
- Контрола на прегледување во живо и креативни филтери
- Откривање на лице, автоматска корекција на црвени очи
- DIGIC 4
- Литиум-јонска батерија
|
14,1 мегапиксели Сензорот со висока резолуција ги снима сите детали од вашиот објект, нудејќи ви слобода за создавање на многу големи испечатени материјали или за отсекување со цел да добиете совршена композиција.
28mm ширина, објектив со зум од 5x Широкоаголниот приказ од 28mm обезбедува поголем опсег за широки пејзажи и фотографии во затворен простор, додека оптичкото телефото зумирање од 5x им овозможува на корисниците да ги приближат деталите и покреативно да го обликуваат кадарот.
Оптички стабилизатор на слика Оптичкиот стабилизатор на слика навистина ги истакнува перформансите на овој фотоапарат. Вршејќи компензација за тресењето на фотоапаратот во тешки услови како што е слабата осветленост или снимањето со целосен зум, стабилизаторот на слика секогаш ви помага да снимите детални слики со помало заматување.
6,7 cm (2,7") LCD екран Големиот екран со остра слика го олеснува обликувањето и споделувањето на снимките со пријателите. Објектите ќе се прикажат со одлични детали, а репродукцијата е извонредна благодарение на петте различни подесувања на осветленоста, овозможувајќи ви да ја прилагодите за секакви услови на осветлување.
Интелигентен автоматски режим, едноставен режим и совети Благодарение на интелигентниот автоматски режим, ќе можете да снимате одлични фотографии со притиснување на едно копче. Фотоапаратот автоматски ја избира најсоодветната сцена од 32 можни сцени и ги применува најдобрите подесувања за да добиете совршена слика. Едноставниот режим спречува случајно менување на подесувањата, додека советите нудат кратко објаснување на функциите на фотоапаратот.
HD видео снимки (720p) со динамички IS PowerShot A3200 IS се одликува со снимање на 720p видео снимки, овозможувајќи снимање на сцени со High Definition квалитет. Динамичкиот IS го користи оптичкиот стабилизатор на слика за намалување на тресењето кај видео снимките снимени во движење, како на пример кога пешачите покрај вашиот објект.
Контрола на прегледување во живо и креативни филтери Контролата на прегледување во живо овозможува едноставно прилагодување на разни подесувања на сликата при обликување на кадарот. 6 креативни филтери, вклучувајќи минијатурен ефект и ефект на фото апарат-играчка, кои обезбедуваат импресивни резултати кои ќе ја разгорат вашата имагинација.
Откривање на лице, автоматска корекција на црвени очи Технологијата за откривање на лице овозможува откривање до 35 лица во еден кадар и овозможува луѓето да останат во фокус и со оптимална осветленост. Ефектот на црвени очи автоматски се отстранува, веднаш по снимање на сликата или за време на репродукцијата.
DIGIC 4 DIGIC 4 процесорот на Canon овозможува одличен одзив и врвен квалитет на сликата и боите. Напредното намалување на шум нуди детална и јасна слика, дури и при високи ISO брзини.
Литиум-јонска батерија Литиум-јонската батерија нуди лесно и едноставно решение за напојување со можност за повторно полнење.
|