Квалитетни слики од 10,0 мегапиксели Сензорот од 10,0 мегапиксели ви нуди детали за извонредно печатење во големи размери или за креативно отсекување со цел да добиете совршени резултати.
3,3x оптички зум Објективот со 3,3x оптички зум е дизајниран и произведен од Canon според високите стандарди кои се среќаваат низ фотографската палета на Canon. Во комбинација со дигиталниот зум, може да се постигне зголемување до 13x.
2,5” LCD екран Светлиот 2,5” LCD екран ви овозможува лесно обликување, прегледување и споделување на снимките.
Интелигентен автоматски режим Дизајниран да овозможи на сите да снимаат прекрасни фотографии, интелигентниот автоматски режим користи технологија за откривање на сцената за да ја одреди сцената која се фотографира преку осветленоста на објектот, контрастот, оддалеченоста и општите нијанси. Фотоапаратот го избира типот на сцената од 13 променливи, поставувајќи ги најдобрите параметри за оптимален резултат. Исто така, во интелигентниот автоматски режим спаѓа интелигентна експозиција на блиц, која интелигентно го прилагодува фокусот за добивање оптимални резултати.
Привлечен и лесен PowerShot A490 се одликува со тенок и лесен дизајн кој го прави лесен за носење насекаде. Практичен и интуитивен распоред на контролните копчиња кој на корисниците од сите возрасти им овозможува веднаш да започнат со снимање фотографии.
14 режими на снимање Изборот од 14 режими на снимање, во кои спаѓа и режимот слаба осветленост наменет за прекрасни фотографии во потемни услови, ќе ви го олеснат поставувањето на вистинските параметри за секаква сцена. Едноставно изберете го саканиот режим и фотоапаратот ќе се погрижи за останатото.
Технологија за откривање лице Групата технологии за откривање на лице овозможува детектирање на повеќе лица во сцената и прилагодување на фокусот, експозицијата, блицот и балансот на белата боја - за добивање оптимални резултати и природен изглед на кожата. Автоматската корекција на црвени очи го препознава и отстранува ефектот на црвени очи кој може да се јави при фотографирање со блиц.
DIGIC III Освен тоа што овозможува интелигентни технологии кај фотоапаратите, како што е интелигентниот автоматски режим, DIGIC III процесорот на Canon обезбедува брз одзив, врвен квалитет на сликата, напредно намалување на шумот и прецизна репродукција на боите.
Технологија за откривање движење Технологијата за откривање на движење се активира во интелигентниот автоматски режим и таа ги открива движењата во сцената која се фотографира. Потоа се поставува оптималното ISO ниво заради минимизирање на заматеноста и максимизирање на квалитетот на сликата.
Видео снимки со долга репродукција Кон фотографиите придодадете и забавни VGA видео снимки со 30fps проследени со звук. Режимот за долга репродукција ви дозволува да складирате двапати подолго количество на снимен материјал на мемориската картичка.
|