10 мегапиксели Сензорот од 10,0 мегапиксели ви ги нуди деталите кои се потребни за извонредно печатење во големи размери или за креативно отсекување со цел да добиете совршени резултати.
Објектив со 3,3x оптички зум Објективот со 3,3x оптички зум е дизајниран и произведен од Canon според високите стандарди кои се среќаваат низ фотографската палета на Canon. Во комбинација со дигиталниот зум, може да се постигне зголемување до 13x.
6,2 cm (2,5”) LCD екран Големите димензии ви нудат задоволство при прегледување на снимените слики и споделување на фотографиите со пријателите.
Интелигентен автоматски режим Благодарение на интелигентниот автоматски режим, ќе можете да снимате одлични фотографии со притиснување на само едно копче. Фотоапаратот автоматски ја избира најсоодветната сцена од 19 можни сцени и ги применува најдобрите подесувања за да добиете совршена слика.
Режим за намалување на заматувањето При фотографирање на објекти во движење или при слаба осветленост кога лесно може да настане заматување, режимот за намалување на заматувањето обезбедува појасни резултати без заматување
Практичен дизајн Стандардниот и практичен дизајн навистина ви овозможува да го користите фотоапаратот насекаде, во секоја прилика. Варијациите на боите кај PowerShot A800 и неговите големи копчиња кои се едноставни за користење изгледаат привлечно за сите возрасти.
16 режими на снимање, во кои спаѓа и тајмер за снимател Станете креативни на едноставен начин со PowerShot A800 благодарение на неговите 16 режими на снимање и тајмерот за снимател кој го олеснува снимањето на групни фотографии на кои сакате да ве има и вас. Бидете сигурни во фотографирањето со интелигентниот автоматски режим или експериментирајте со креативните режими како екстра живописност и ефект на постер.
DIGIC III Освен тоа што овозможува интелигентни технологии кај фотоапаратите, како што е интелигентниот автоматски режим и откривањето на лице, DIGIC III процесорот обезбедува брз одзив, одличен квалитет на сликата и прецизна репродукција на боите.
Видео снимки со долга репродукција Долгата репродукција (LP) на видео снимки овозможува подолго време на снимање - користејќи половина од просторот за складирање,
AA батерии За овозможување на врвна практичност, PowerShot A800 користи две AA батерии кои се достапни низ целиот свет.
|