Водоотпорен и издржлив при удари и потреси, PowerShot D10 ќе ги дополни вашите надворешни активности со квалитет на сликата од 12,1 мегапиксели. Ослободете ги рацете, задржувајќи ја достапноста на апаратот со помош на изборот дополнителна опрема.
|
Снимајте речиси во секаква ситуација PowerShot D10 е идеален апарат за широк опсег надворешни активности, почнувајќи од искачувањето па сè до нуркањето. То е отпорен на вода до длабочини од 10m, може да издржи пад на тврда подлога од височини до 1,22m, може да се користи при температури до -10 °C, и нуди целосна заштита од прав.
12,1 MP Резолуцијата од 12,1 мегапиксели ви нуди слобода за отсекување и зголемување на сликите, притоа задржувајќи го исклучителното ниво на детали.
3,0x зум и оптичка стабилизација Објективот со 3,0x оптички зум на Canon располага со оптичка стабилизација на сликата, заради спречување на заматувањето на сликата при потресите – ова е многу значајно кај активното снимање во движење.
Неверојатни снимки на едноставен начин Интелигентниот автоматски режим ја користи технологијата за откривање на сцената за одредување на осветленоста на објектот, контрастот, оддалеченоста и општите нијанси. Фотоапаратот потоа ги споредува неверојатните 18 можни режими, и го избира оној кој нуди совршени параметри за сцената – овозможувајќи ви одлични резултати при користење "насочи-и-фотографирај".
DIGIC 4 DIGIC 4 процесорот на Canon овозможува одличен одзив и врвен квалитет на сликата и боите. Напредното намалување на шум нуди детална и јасна слика, дури и при високи ISO брзини.
Извонредно светол LCD екран За полесно обликување и прегледување на снимките во секакви услови, 2,5” PureColor LCD II екранот нуди двапати повисоко ниво на осветленост од вообичаеното. Perspex слојот од 2mm го штити екранот од гребнатини и отпечатоци од прсти.
Нема повеќе заматеност Технологијата за откривање движење користи повеќе напредни методи за откривање на движењето на фотоапаратот и објектот, и одредување на брзината на движењето. Притоа автоматски се поставуваат оптималните ISO вредности за секаква ситуација.
Технологија за откривање лице Групата технологии за откривање лице нуди детекција на до 35 ликови во една снимка, вршејќи прилагодување на клучните параметри за добивање на оптимални резултати со природен изглед на кожата. Со откривањето на трепнувањето се избегнува снимањето во непогодните моменти, додека тајмерот за снимателот овозможува снимање кога ќе се детектира ново лице во кадарот – со што се олеснува снимањето на групни фотографии.
Активна дополнителна опрема Два опционални комплети на ремени – еден за рамо и врат, друг со прицврстувач - ослободете ги рацете, задржувајќи ја достапноста на апаратот. Исто така можете да го персонализирате вашиот PowerShot D10 со живописните предни покривки.*
Избор на режими за снимање Широк избор на режими за снимање и специјални сцени – вклучувајќи режими за под вода, снег и плажа - овозможувајќи ви моментален пристап до правилните параметри за секакво опкружување.
Режим за снимање видео Кон фотографиите придодадете и забавни VGA видео снимки.
*Опционалните ремени не се дизајнирани за подводно користење.
|