Дизајниран за исклучителен квалитет на сликата и професионално ниво на флексибилност, PowerShot G11 нуди комбинација на сензор од 10,0 MP со висока чувствителност, врвен широкоаголен објектив и 2,8" LCD екран со променлив агол.
|
10,0 MP сензор со висока чувствителност CCD сензорот со висока чувствителност обезбедува извонреден квалитет на сликата при различни услови на осветлување. Дури и снимките направени со високи ISO вредности имаат исклучително мало ниво на шум и широк динамички опсег.
Широкоаголен објектив Опфатете повеќе содржини во вашиот кадар со 5x широкоаголниот (28mm) објектив. Технологијата на Canon за оптичка стабилизација на слика ги неутрализира ефектите од тресење на фотоапаратот, за незаматени слики низ целиот опсег на зумирање.
2,8" LCD екран со променлив агол 2,8” PureColor II VA LCD екранот (461K точки) ви овозможува комфорно обликување на кадарот и фотографирање од секој агол. Функциите за ноќен приказ и брзо осветлување овозможуваат детално прегледување на сликата во сите услови. Оптичкиот визир нуди дополнителна можност за обликување на кадарот.
Двоен систем против шум со DIGIC 4 Делувајќи заедно со чувствителниот сензор за слика, DIGIC 4 процесорот на Canon обезбедува значително подобрени перформанси против шум, ширум ISO опсегот. Снимајте слики со полна резолуција до ISO 3200, или зголемете до ISO 12800 во (2,5MP) режим на слаба осветленост.
Преземете ја контролата За тотална креативна контрола, PowerShot G11 располага со целосно рачен режим. RAW снимањето ви дава целосна контрола за време на уредувањето по снимањето; а со поддршката за Digital Photo Professional (DPP) софтверот од Canon, корисниците на дигитални SLR фотоапарати ќе можат да го интегрираат PowerShot G11 во нивниот постоечки работен процес.
Интелигентни автоматски режими и режими за фотографирање Интелигентниот автоматски режим врши анализа на осветленоста на објектот, контрастот, оддалеченоста, нијансите и движењето. Интелигентната технологија за откривање на сцена потоа избира помеѓу 22-та типови на сцени, поставувајќи ги најдобрите параметри за оптимален резултат. Меѓу 27-те наменски режими на фотографирање вклучени се и режимите за брзо фотографирање и снимање на VGA видео.
Интелигентни технологии За совршени портрети, технологиите за откривање на лице од Canon вклучуваат тајмер за снимателот и избирање и следење на лик, за континуирано фокусирање на избраното лице во кадарот. Исто така вклучени се и технологијата на Canon за откривање на движење со кое се спречува заматување и Servo AF/AE функција за одржување на прецизен фокус и експозиција дури и кај подвижните објекти.
i-Contrast При снимање или репродукција, подобрениот i-Contrast го оптимизира динамичниот опсег според сцената - задржувајќи ги деталите во сенките и спречувајќи ја преголемата експозиција во светлите делови. Како резултат се добиваат природни слики со најдобар можен контраст.
HDMI приклучок HDMI мини излезниот приклучок ви овозможува прикажување на фотографии на кој било телевизор компатибилен со HDMI, без загуби во квалитетот.
Дополнителна опрема Откријте ги бројните дополнителни можности за снимање со асортиманот на Canon за Speedlite блицеви и дополнителна опрема за блицеви, телеконвертори, водоотпорни куќишта и меки торбички.
|