Canon PowerShot G12 Компактни дигитални фото-апарати
|
|
|
|
PowerShot G12 нуди исклучителни слики благодарение на HS системот и врвниот широкоаголен објектив од Canon. Целосно рачен режим, RAW, предно вртливо копче и изборен адаптер за филтерот на објективот кои овозможуваат професионално ниво на контрола.
|
|
Карактеристики |
- HS систем
- 10 MP CCD сензор со висока чувствителност
- 28mm ширина, објектив со зум од 5x, хибридна IS
- 7,0cm (2,8") LCD екран со променлив агол, електронско ниво, ОВ
- Предно вртливо копче, целосно рачен режим и RAW
- HD видео снимки, HDMI
- Динамички режим со голем опсег
- Интелигентен автоматски режим
- Multi-Aspect снимање
- Систем на обемна дополнителна опрема
|
|
| Репер |
|
HS систем со CCD сензор со 10 MP и висока чувствителност и DIGIC 4 HS системот претставува моќна комбинација на сензор со висока чувствителност и DIGIC 4 процесор – кои обезбедуваат можност за исклучително снимање при слаба осветленост. Повисоките ISO вредности ја намалуваат потребата за блиц и овозможуваат поголеми брзини на блендата за намалување на заматувањето кога објектот се движи.
28mm ширина, објектив со зум од 5x со хибридна IS Оригиналниот и висококвалитетен објектив од Canon, кој покрива од 28-140mm (35mm еквивалент), нуди флексибилност и јасност. Оптичката стабилизација на слика го коригира тресењето на фотоапаратот до 4 чекори, додека хибридната IS обезбедува остри резултати при макро снимање.
7,0cm (2,8") LCD екран со променлив агол, електронско ниво, ОВ PureColor II VA LCD екранот со променлив агол нуди врвен приказ на боите и контрастот и може да се прилагоди за снимање од незгодни агли. Екранот со електронско ниво прикажува индикатор на ниво на самиот екран кој проверува дали фотоапаратот е во хоризонтална положба, додека оптичкиот визир им овозможува на корисниците да оформуваат композиции според нивниот сопствен стил на фотографирање.
Добијте целосна контрола PowerShot G12 се одликува со целосно рачен режим со RAW формат кој на корисниците им овозможува целосна контрола за време на уредувањето по снимањето; а со поддршката за софтверот Digital Photo Professional (DPP) од Canon, корисниците на дигитални SLR фотоапарати ќе можат да го интегрираат PowerShot G12 во постоечките работни процеси.
HD видео снимки преку HDMI Освен фотографирање на висококвалитетни фотографии, PowerShot G12 може да снима и 720p HD видео снимки со стерео звук. Снимениот материјал може да се репродуцира без намалување на квалитетот преку HDMI приклучок.
Динамички режим со голем опсег Кај сцените со висок контраст, конвенционалниот дигитален фото апарат не секогаш може да ги сними деталите во сенките и осветлените делови. Ако апаратот е ставен на статив, режимот на снимање со голем динамичен опсег снима повеќе експозиции од истата сцена и ги комбинира во самиот фото апарат со цел детално да ја сними сцената со висок контраст.
Интелигентен автоматски режим Интелигентниот автоматски режим користи технологија за откривање на сцена за да ја открие соодветната сцена од можни 28 и да обезбеди најдобри резултати. Интелигентната експозиција при блиц интелигентно ги контролира моќноста и користењето на блицот.
Multi-Aspect снимање Корисниците може да снимаат во повеќе формати, вклучувајќи 3:2, 1:1, 16:9 и 4:5, овозможувајќи совршена композиција за време на снимањето без потреба од дополнителна обработка.
Систем на обемна дополнителна опрема PowerShot G12 поддржува голем опсег на дополнителна опрема, вклучувајќи и адаптер за филтерот на објективот кој овозможува додавање на филтери од 58mm. Приклучокот за блиц овозможува користење на Speedlite блицеви од Canon, а водоотпорното куќиште им овозможува на корисниците да го користат фотоапаратот под вода до 40m.
|
|
 |
|
| примероци од слики |
| PowerShot G12 |
|