PowerShot S100 ги користи технологијата и искуството на Canon за EOS сензорите и најновиот DIGIC 5 процесор за добивање на исклучителна слика дури и при слаба осветленост. Со f/2,0 објектив, RAW и GPS, ова е навистина експертски компактен апарат кој ќе ви остави впечаток.
|
- 12,1 MP Canon CMOS со висока чувствителност
- HS систем со DIGIC 5
- Ултра широк 24mm, f/2,0 објектив со 5x зум. Интелигентна стабилизација на слика
- Контролен прстен за објектив, NR контрола и RAW снимање
- GPS
- Full HD, HDMI
- Голем 7,5 cm (3,0") LCD екран
- Групно снимање со голема брзина HQ
- Интелигентен автоматски режим, WB на повеќе површини
- Изборна водоотпорна торбичка
|
12,1 MP Canon CMOS сензор со висока чувствителност CMOS сензорот со висока чувствителност од типот 1/1,7, развиен со помош на технологијата и искуството за EOS DSLR сензори, работи во комбинација со DIGIC 5 процесорот за да се постигне квалитет на сликата кој е водечки во класата, особено при повисоки ISO брзини и слаба осветленост.
HS систем со DIGIC 5 HS системот претставува моќна комбинација на DIGIC 5 процесорот на слика, кој е 6x помоќен од DIGIC 4, и CMOS сензор со висока чувствителност. Тој ви овозможува снимање со низок шум и висок квалитет на слика, дури и при слаба осветленост до ISO 6400 - намалувајќи ја потребата од блиц или статив.
Разновиден објектив. Интелигентна стабилизација на слика Светлиот f/2,0 објектив дополнително ќе ги прошири вашите можности за снимање во потемни услови. Параметарот за ултра широк агол од 24mm ви овозможува снимање на неверојатни пејзажи, додека флексибилниот 5x зум ќе ве приближи до објектот. Интелигентната стабилизација на слика автоматски го избира вистинскиот параметар на оптичкиот стабилизатор на слика помеѓу 7-те можни режими за да обезбеди остри, детални фотографии и видео записи.
Контролен прстен за објектив, контрола на намалување на шумот и RAW снимање Контролниот прстен за објективот нуди брз пристап до функциите како зумирање, решетка, брзина на бленда, фокус или ISO. Прилагодувајте го нивото на намалување на шум кое ќе се примени на сликите или снимајте во RAW формат за дополнителна обработка со испорачаниот DPP софтвер.
GPS Вметнете важни информации за локацијата во вашите слики при секое фотографирање со помош на GPS ознаките. GPS функцијата за водење евиденција може да ја запишува вашата позиција на поставени временски интервали за да можете да го прегледате целото ваше патување со испорачаниот софтвер со алатки за мапи.
Full HD видео снимки, HDMI-CEC Снимајте врвни Full HD 1080p видео содржини со 24fps и стерео звук. HDMI-CEC мини поврзувањето овозможува репродукција без загуби на квалитет на компатибилен HD телевизор.
7,5 cm (3,0”) PureColor II G LCD екран Осветлениот и јасен LCD екран со 460k точки располага со надворешен слој од прекалено стакло за поголема цврстина и голема видливост дури и кога снимате во услови на силна светлина.
Групно снимање со голема брзина HQ Благодарение на можностите за обработка на DIGIC 5 вие ќе можете да ги снимите и сцените кои траат дел од секунда, со полна резолуција при 9,6fps во серија од 8 слики со помош на режимот на групно снимање со голема брзина HQ.
Интелигентен автоматски режим, WB на повеќе површини Интелигентниот автоматски режим за вас ќе ги избере параметрите на фотоапаратот помеѓу 32 различни сцени (21 за видео снимки), автоматски обезбедувајќи добивање на оптимални резултати. Балансот на белата боја на повеќе површини врши компензација на присуството на повеќе светлосни извори заради добивање на природни резултати.
Изборна водоотпорна торбичка Заштитете го вашиот фотоапарат под вода на длабочини до 40m со изборната водоотпорна торбичка WP-DC43.
|