- 10 MP CCD сензор со висока чувствителност
- f/2,0, 28mm широк агол, објектив со 3,8x зум, со стабилизација на сликата
- Компактен дизајн и контролен прстен за објективот
- 3,0" LCD екран
- Двоен систем против шум со DIGIC 4
- Целосна рачна контрола и RAW снимање
- Интелигентен автоматски режим и Servo AF/AE
- Откривање на лице
- i-Contrast
- VGA видео снимки (30fps) и HDMI
|
10,0 MP сензор со висока чувствителност CCD сензорот со висока чувствителност обезбедува извонреден квалитет на сликата при различни услови на осветлување. Дури и снимките направени со високи ISO вредности имаат исклучително мало ниво на шум и широк динамички опсег.
Широк агол и светли снимки Светлата решетка со f/2.0 овозможува исклучителна разноврсност, со снимање на фотографии при слаба осветленост и подвижни објекти при големи брзини на блендата. Широкиот агол од 28mm ќе ви дозволи да внесете повеќе содржини во кадарот, додека оптичката стабилизација на сликата од Canon го намалува заматувањето предизвикано од тресењето на фотоапаратот.
Компактност и контрола PowerShot S90 нуди комбинација на џебни пропорции и софистициран контролен прстен за објективот, на кој можат да му се доделат функции како зумирање во чекори, експозиција, фокус и ISO за брзо и едноставно прилагодување.
3,0" PureColor LCD II екран 3,0” PureColor LCD II екранот (461K точки), со широк агол на глeдање, го прави обликувањето на кaдрите и преглeдувањето на снимките вистинско задоволство.
Двоен систем против шум со DIGIC 4 Делувајќи заедно со чувствителниот сензор за слика, DIGIC 4 процесорот на Canon обезбедува значително подобрени перформанси против шум, ширум ISO опсегот. Снимајте слики со полна резолуција до ISO 3200, или зголемете до ISO 12800 во (2,5MP) режим на слаба осветленост.
Целосна рачна контрола и RAW снимање За креативна контрола при снимањето, PowerShot S90 располага со целосно рачен режим. Опцијата за RAW снимање со поддршка за Digital Photo Professional (DPP) софтверот од Canon обезбедува целосна контрола врз параметрите на сликата за време на уредувањето по снимањето.
Интелигентни автоматски режими и режими за фотографирање Интелигентниот автоматски режим врши анализа на осветленоста на објектот, контрастот, оддалеченоста, нијансите и движењето. Интелигентната технологија за откривање на сцена потоа го избира типот на сцената од 22 променливи, поставувајќи ги најдобрите параметри за оптимален резултат. Исто така достапни се и 25 наменски режими на фотографирање, вклучувајќи носталгичен режим и снимање на VGA видео.
Интелигентни технологии За совршени портрети, технологиите за откривање на лице од Canon вклучуваат тајмер за снимателот и избирање и следење на лик, за континуирано фокусирање на избраното лице во кадарот. Исто така вклучени се и технологијата за откривање на движење од Canon за спречување на заматувањето и Servo AF/AE функцијата за одржување на прецизен фокус и експозиција кај подвижните објекти.
i-Contrast При снимање или репродукција, подобрениот i-Contrast го оптимизира динамичниот опсег според сцената - задржувајќи ги деталите во сенките и спречувајќи ја преголемата експозиција во светлите делови. Како резултат се добиваат природни слики со најдобар можен контраст.
HDMI приклучок HDMI мини излезниот приклучок ви овозможува прикажување на фотографии на кој било телевизор компатибилен со HDMI, без загуби во квалитетот.
|