10x оптичко зумирање со оптички IS Опремен со Технологијата за оптичко стабилизирање на слика за да се справува со ефектите предизвикани од тресење на фотоапаратот - резултира со остри, незаматени фотографии низ целиот опсег на зумот - 10x оптичкиот зум ви ги носи во кадар дури и оддалечените предмети.
9,0 мегапиксели Сензорот од 9,0 фаќа доволно ниво на детаљи за печатени материјали со големина на постер или пак за креативно намалување.
DIGIC III со iSAPS DIGIC III процесорот на Canon обезбедува одговор со брзина на молња, супериорна репродукција на боја и неверојатно намалување на изобличувањето. Технологијата iSAPS користи информации за сцената за да ги оптимизира нагодувањата на фотоапаратот дури и пред да сликате.
Технологија на откривање лице Фотографирајте одлични портрети во секој момент. Откривање лице AF/AE/FE/WB открива најмногу девет лица и го прилагодува фокусот, експозицијата, нагодувањата на блицот и белиот баланс - произведувајќи резултати со природни нијанси на кожата. Опциите Откривање и следење на лице ви овозможуваат да го изберете и следите својот примарен предмет, така што важниот лик никогаш нема да го изгубите во гужвата.
Автоматска корекција на црвени очи Ослободете се од грдите црвени очи од вашите фотографии - или преку автоматската корекција веднаш по фотографирањето или пак со рачна или автоматска корекција при репродуцирањето.
Нема повеќе заматеност Добијте одлични, незаматени фотографии, дури и при долг опсег на зум или при слабо светло. Активирано во High ISO Auto, Технологиите за откривање на движење ја користат Технологијата за откривање лице, оптичкиот стабилизатор на слика и информации за сцената - за осветленоста на сцената и промените меѓу индивидуалните кадри - за да го идентификуваат предметот во движење и тресењето на камерата. ISO е исто така оптимизиран за минимална заматеност и максимален квалитет на сликата.
3,0" LCD Дарежливиот 3,0” LCD екран со широк агол на глeдање го прави ставањето во кaдар и преглeдувањето на фотографиите вистинско задоволство.
Режими на фотографирање и Мои бои 20 наменски Режими на фотографирање обезбедуваат супериорни фотографии при различни на услови за осветлување. Лесниот режим овозможува едноставна операција на „Насочи и фотографирај“, додека пак искусните корисници можат да експериментираат со целосната рачна контрола. Вклучувањето на Мои бои ви овозможува да додадете филтер ефекти како што се црна и бела, или при фотографирње или при репродукција.
ISO 1600 Нагодувањето на ISO 1600 со голема брзина овозможува правилна експозиција при фотографирање надвор или во други услови со слабо осветлување, без потреба од блиц.
Опции за филм Снимајте беспрекорни 30fps VGA отсечоци од филм само со допир на едно копче. Специјалната опција Долго прикажување (Long Play) користи околу половина од просторот на нормална мемориска картичка
|