Идеален за деновите кога сте излезени со семејството, 10,0 MP PowerShot SX120 IS ги приближува оддалечените објекти со помош на објективот од 10x со стабилизација на сликата. Со интелигентниот автоматски режим и едноставниот режим целото семејство ќе може да снима одлични фотографии.
|
10,0 мегапиксели Компактниот практичен PowerShot SX120 IS употребува сензор со 10,0 мегапиксели – прифаќајќи доволно детали за печатење со големина на постер, или пак за креативно отсекување.
10x оптички зум со оптичка стабилизација Со оптичкиот зум од 10x, лесно ќе можете да го исполните кадарот со оддалечен објект. Технологијата на Canon за оптичка стабилизација на слика ги неутрализира ефектите од тресење на фотоапаратот, обезбедувајќи јасни незаматени резултати низ целиот опсег на зумирање.
Интелигентен автоматски и едноставен режим Дизајниран за да им овозможи одлични фотографии на сите корисници, интелигентниот автоматски режим врши анализа на осветленоста на објектот, контрастот, оддалеченоста и нијансите. Интелигентната технологија за откривање на сцена потоа го избира типот на сцената од 18 променливи, поставувајќи ги најдобрите параметри за оптимален резултат. Во едноставниот режим се деактивираат сите копчиња освен блицот, и се намалува бројот на икони на екранот за практично поедноставно снимање.
Голем 3,0” LCD екран Јасниот и осветлен 3,0” LCD екран со широк агол на глeдање го прави обликувањето на кaдрите и преглeдувањето на снимките вистинско задоволство.
DIGIC 4 DIGIC 4 процесорот на Canon обезбедува извонредно брзо функционирање на апаратот, врвна репродукција на боите и напредно намалување на шумот – за појасни снимки при високи ISO брзини.
Технологија за откривање лице За совршени портети, PowerShot SX120 IS располага со технологијата за откривање на лице од Canon. Функцијата за избирање на лице и следење ви овозможува избирање на одредено лице како главен објект на фотографијата, додека тајмерот за снимателот го олеснува групното фотографирање – со снимање кога ќе се детектира ново лице во кадарот.
Спречување на заматеноста PowerShot SX120 IS ја намалува заматеноста со помош на технологијата за откривање на движење, која применува неколку напредни методи за одредување на движењето на фотоапаратот и објектот. Потоа се прилагодуваат ISO вредностите за добивање на оптимални резултати.
i-Contrast При снимање или репродукција, подобрениот i-Contrast го оптимизира динамичниот опсег според сцената - задржувајќи ги деталите во сенките и спречувајќи ја преголемата експозиција во светлите делови. Како резултат се добиваат природни слики со најдобар можен контраст.
20 режими на снимање 20-те наменски режими на фотографирање ќе ви помогнат да добиете врвни фотографии при различни услови за осветлување. За поискусните корисници кои бараат поголема креативна контрола, вклучен е режим за целосна рачна контрола.
VGA видео снимки Кон фотографиите придодадете и видео снимки со фантастичен VGA квалитет проследени со звук. Специјалната опција за долга репродукција користи околу половина од просторот на вообичаена мемориска картичка, што ќе ви овозможи подолго снимање.
|