Разновидност при фотографирањето. 12x оптички зум со интелигентна стабилизација на слика Голем зум од 12x во комбинација со широкоаголен објектив од 28mm за приближување на далечните објекти, како и за снимање на панорамски пејзажи и за опфаќање на сите лица во групните снимки. Интелигентната стабилизација на слика автоматски го прилагодува оптичкиот стабилизатор на слика кон сцената со помош на 7 режими за да го спречи заматувањето и да обезбеди остри и детални фотографии и видео записи.
14,1 MP CCD Сензорот со 14,1 мегапиксели обезбедува детални слики со висока резолуција кои може да се печатат во огромни големини (A3+) или да се отсечат, со цел да се добие саканата композиција.
Интелигентни и едноставни Снимајте висококвалитетни фотографии или видео снимки без напор со интелигентниот автоматски режим, кој ја открива сцената и ги избира совршените подесувања од 32 променливи (21 кај видео снимки). Едноставниот режим го спречува ненамерното користење на погрешни копчиња, при што целото семејство може да насочи и да фотографира со сигурност во секоја ситуација.
7,5 cm (3,0") LCD екран Големиот и висококвалитетен LCD екран со широк агол на глeдање овозможува едноставно обликување на кадарот, навигација низ менито без напор и јасно прегледување и репродукција на снимениот материјал.
HD видео снимки со стерео звук Моментално снимање на висококвалитетни HD видео снимки (720p) со стерео звук и оптички зум, со еден допир на наменското копче за снимање на видео. Динамичната и напојуваната стабилизација на слика ја задржуваат острината кај видео снимките и го спречуваат заматувањето кога снимате во движење или користите максимално телефото зумирање.
Целосна рачна контрола Зголемете ја креативноста со целосната рачна контрола на брзината на блендата и решетката на фотоапаратот.
Креативни филтери. Минијатурен ефект Експериментирајте и забавувајте се со палетата на креативни филтери. Изберете помеѓу ефект на рибино око за да создадете изобличување како со објектив во вид на рибино око, екстра живописност за засилување на сатурацијата на боите, ефект на ретро постер, ефект на фотоапарат-играчка или црно-бело. Користете го минијатурниот ефект при снимање фотографии или видео снимки, за сцените да добијат изглед на минијатурни макети.
Интелигентна бленда со тајмер за трепкање Интелигентната бленда автоматски ја активира блендата - овозможувајќи ви да снимите прекрасни семејни фотографии. Изберете помеѓу три начини за снимање на фотографии: режим за насмевки (при откривање на насмевка на лице), тајмер за снимател (кога ново лице ќе влезе во кадарот) или тајмер за трепкање (2 секунди откако ќе трепнете).
iFrame видео (720p) Снимајте HD видео записи (720p) кои се соодветни за PC и Mac во оптимизираниот формат Apple iFrame за брзо вчитување, лесно уредување и едноставно споделување.
Совети Разберете го вашиот фотоапарат и подобрете ги вашите резултати со едноставните совети.
|