Супер зумирање Моќното 20x оптичко зумирање со широк агол (28mm, f/2,8) обезбедува извонреден дострел и флексибилност на композицијата. Со ултразвучен мотор (USM) и со мотор со подвижна намотка (VCM), зумирањето е брзо и речиси бесшумно, додека Canon-овата позната технологија на оптичка стабилизација на слика дејствува против тресењето на апаратот.
Canon-ов CMOS сензор PowerShot SX1 IS е првиот компактен фотоапарат на Canon со Canon-ов CMOS сензор, кој овозможува сликање со висока резолуција во извонредно брзи рафали. Сензорот се разметнува со 10 мегапиксели за зафаќање на најситните детали, овозможувајќи креативно исечување и величествени отпечатоци во голем формат.
HD филмови во стерео Креирајте беспрекорни филмови со висок квалитет во целосна висока дефиниција (1080, 30p), па употребете ја можноста за HDMI конекција, за репродукција на HD ТВ-уреди со широк екран – комплетно со стерео звук во CD квалитет.
DIGIC 4 Содржејќи ја најновата технологија за обработка на слика, DIGIC 4 испорачува извонредно намалување на шумовите. Резултат се почисти слики со богати детали, дури и кога сликате при големи ISO брзини. DIGIC 4 има и извонредни брзини на обработка и чувствително ракување.
Не пропуштајте ништо Со Canon-овиот CMOS сензор се постигнуваат екстра-брзи континуирани брзини на сликање (до 4fps) при полна резолуција. Servo AF ги следи предметите во движење за да обезбеди тие да останат во фокусот.
Технологија на откривање лице Одличните снимки на луѓе се обезбедени со најновото откривање лице AF/AE/FE/WB – дури и кај лицата под агол или оние оддалечените. Опциите Face Select и Track ги оптимизираат нагодувањата за избрано лице, додека FaceSelf-Timer чека додека да влезете во кадарот за одлични автопортрети или групни фотографии.
Елиминирајте ја замагленоста PowerShot SX1 IS го совладува потенцијалното замаглување со помош на технологиите High ISO Auto и Motion Detection, кои обезбедуваат поставување на движењето на апаратот и на предметот на оптимално ISO, без оглед на ситуацијата на сликање. Servo AF ги следи предметите во движење за да обезбеди тие да останат во фокусот.
Оптимален контраст Работи и при сликање и при репродукција, i-Contrast ја зголемува осветленоста во темните подрачја. Резултатот е подобрен контраст со задржани детали во комплицирани услови на осветленост.
Голем ЛЦД 2,8" ЛЦД со широк екран и варијабилен агол овозможува креирате кадри од предизвикувачки агли и лесно споделување на репродукцијата на сликите. Режимот на ноќен приказ ја подобрува видливоста на екранот при слабо светло.
Компатибилен со блиц За проширени опции на сликање и за подобра осветленост, опсежниот систем на прибор ја вклучува и компатибилноста со блицови од серијата Canon EX Speedlite.
|