Моќно широкоаголно зумирање Широкоаголниот (28mm) оптички зум од 20x обезбедува исклучително телефото приближување за фотографиите и видео снимките; плус, со ултрасоничниот мотор (USM) и моторот со звучна намотка (VCM), зумирањето и фокусирањето се брзи, прецизни и речиси нечујни. Оптичката IS технологија на Canon дејствува низ целиот опсег на зумирање, за спречување на заматувањето предизвикано од тресењето на фотоапаратот.
12,1 мегапиксели Сензорот од 12,1 мегапиксели ги доловува деталите кои ви се потребни за извонредно печатење во големи размери, или за креативно отсекување со цел да добиете совршени резултати.
2,5" LCD екран со променлив агол 2,5” PureColor VA екранот со променлив агол обезбедува удобно снимање речиси од секоја позиција. Функциите за брзо осветлување и ноќен приказ ја подобруваат видливоста на екранот при силна или слаба осветленост.
Интелигентни автоматски режими и режими за фотографирање Интелигентниот автоматски режим врши анализа на осветленоста на објектот, контрастот, оддалеченоста, нијансите и движењето. Интелигентната технологија за откривање на сцена потоа го избира типот на сцената од 22 променливи, поставувајќи ги најдобрите параметри за оптимален резултат. Меѓу 24-те наменски режими на фотографирање, вклучен е и комплетно рачниот режим за целосна контрола.
DIGIC 4 обработка DIGIC 4 процесорот на Canon овозможува извонредна брзина на обработка, одличен одзив и врвен квалитет на сликата и боите. Напредното намалување на шум нуди детална и јасна слика, дури и при високи ISO брзини.
Спречување на заматеноста PowerShot SX20 IS ја намалува заматеноста со помош на технологијата за откривање на движење. Неколку напредни методи го одредуваат движењето на фотоапаратот и објектот, по што се прилагодуваат ISO вредностите за добивање на оптимални резултати. Заматеноста исто така се спречува и со Servo AF/AE функцијата, која го задржува фокусот на подвижните објекти со постојано прилагодување на експозицијата.
Технологија за откривање лице За совршени портети, PowerShot SX20 IS располага со технологијата за откривање на лице од Canon. Функцијата за избирање на лице и следење ви овозможува избирање на одредено лице како главен објект, додека тајмерот за снимателот го олеснува групното фотографирање – со снимање кога ќе се детектира ново лице во кадарот.
i-Contrast При снимање или репродукција, подобрениот i-Contrast го оптимизира динамичниот опсег според сцената - задржувајќи ги деталите во сенките и спречувајќи ја преголемата експозиција во светлите делови. Како резултат се добиваат природни слики со најдобар можен контраст.
HD видео снимки и HDMI излез Снимајте HD видео (720p, 30fps) со стерео звук со CD квалитет – со можност за споделување преку кој било HD телевизор со HDMI врска.
Компатибилност со Speedlite За проширување на опциите при снимањето и креативно осветлување, PowerShot SX20 IS е компатибилен со многу модели од асортиманот на EX Speedlite блицовите на Canon.
|