HS систем (12,1 MP) HS системот се истакнува при слаба осветленост, овозможувајќи снимање на реалистичната атмосфера на моментот без потреба од блиц или статив. DIGIC 4 процесорот со високи перформанси и сензорот за слика со висока чувствителност нудат супериорен квалитет на сликата во секакви ситуации.
28mm со 14x зум и оптичка стабилизација на сликата Широкоаголниот објектив со огромен 14x опсег на телефото до 392mm* (*35mm еквив.) овозможува да ја обликувате сликата онака како што сакате, без разлика дали снимате панорамски пејзажи или зумирате далечни објекти. Оптичкиот стабилизатор на слика обезбедува прилагодување во 4 чекори и овозможува снимање со 4 чекори на бленда побавно отколку што е потребно да се добие снимка без заматување.
Full HD со оптички зум. Динамичка стабилизација на слика и стерео звук Отсега можете да снимате висококвалитетни видео снимки во Full HD 1080p формат со стерео звук. Оптичкиот зум може да се користи за снимање, додека динамичката стабилизација на слика го намалува ефектот на тресење и движење додека снимате во движење.
Широк 7,5 cm (3,0") PureColor II G LCD екран Благодарение на големиот PureColor II G LCD од 7,5 cm (3,0”) со висока резолуција, лесно можете да ги обликувате сликите. Надворешниот слој од прекалено стакло овозможува зголемување на јачината и одлична видливост во секакви услови на осветлување.
Интелигентен автоматски режим Интелигентниот автоматски режим е целосно автоматизиран - откривајќи до 32 различни сцени за фотографирање па така можете да сликате одлични слики со целосна самодоверба, знаејќи дека фотоапаратот ќе се погрижи за останатото, овозможувајќи ви да уживате во моментот.
Групно снимање со голема брзина и извонредни забавени видео снимки Снимајте динамични движења со помош на режимот на групно снимање со голема брзина или забавете го движењето со помош на режимот на извонредни забавени видео снимки. И двата режими обезбедуваат возбудливи и спектакуларни начини за снимање на динамични објекти.
Составување видео снимки и iFrame видео Режимот за составување видео снимки снима до 4 секунди од движењата пред да ја снимите фотографијата, а потоа ги спојува сите записи од истиот ден во една VGA видео снимка која можете да ја додадете на вашата колекција на фотографии. Видео форматот iFrame претставува едноставен начин за брзо увезување, уредување и споделување на видео снимките.
Рачна контрола Од полу-автоматски Av и Tv режими до целосна рачна контрола, PowerShot SX220 HS ви нуди избор да контролирате само еден аспект на експозицијата или да превземете целосна контрола и да бидете креативни колку што сакате.
Водоотпорно куќиште Изборното водоотпорно куќиште (WP-DC42) ви овозможува да нуркате на длабочини до 40m и го заштитува фотоапаратот од прав, нечистотии и оштетување.
|