Canon PowerShot SX230 HS Компактни дигитални фото-апарати
|
|
|
|
PowerShot SX230 HS, кој се одликува со HS систем, широкоаголен објектив од 28mm со 14x оптички зум и Full HD видео снимки, овозможува снимање на одлични слики насекаде. GPS уредот ги означува вашите снимки и води евиденција за вашите патувања, правејќи го најдобар придружник при патувањата.
|
|
Карактеристики |
- HS систем (12,1 MP)
- 28mm, 14x зум. Оптичка стабилизација на слика
- GPS
- Full HD со оптички зум. Динамичка стабилизација на слика
- Широк 7,5 cm (3,0") PureColor II G LCD екран
- Интелигентен автоматски режим (32 сцени)
- Групно снимање со голема брзина и извонредни забавени видео снимки
- Составување видео снимки и iFrame видео
- Рачна контрола
- Водоотпорно куќиште
|
|
| Снимете ги вашите патувања. Во секое време. На секое место. |
|
HS систем (12,1 MP) HS системот се истакнува при слаба осветленост, овозможувајќи снимање на реалистичната атмосфера на моментот без блиц или статив. DIGIC 4 процесорот со високи перформанси и сензорот за слика со висока чувствителност нудат супериорен квалитет на сликата во секакви ситуации.
28mm со 14x зум и оптичка стабилизација на сликата Широкоаголниот објектив со огромен 14x опсег на телефото овозможува да ја обликувате сликата онака како што сакате. Од панорамски пејзажи до далечни објекти, напредниот оптички стабилизатор на слика обезбедува стабилност на сликите.
GPS* уред со функција за водење евиденција Благодарение на GPS ознаките, секоја снимена слика содржи важни податоци за времето и местото на кое била снимена, додека GPS функцијата за водење евиденција може да го сними вашето патување. Со помош на испорачаниот софтвер можете да ги прегледувате вашите слики и патувања на мапа.
Full HD со оптички зум. Динамичка стабилизација на слика и стерео звук можете да снимате висококвалитетни видео снимки во Full HD 1080p формат со стерео звук. Оптичкиот зум може да се користи за снимање, додека динамичката стабилизација на слика го намалува ефектот на тресење и движење кога снимате во движење.
Широк 7,5 cm (3,0") PureColor II G LCD екран Благодарение на големиот PureColor II G LCD од 7,5 cm (3,0”) со висока резолуција, лесно можете да ги обликувате сликите. Надворешниот слој од прекалено стакло овозможува зголемување на јачината и одлична видливост.
Интелигентен автоматски режим Интелигентниот автоматски режим автоматски открива до 32 различни сцени за фотографирање па така можете да сликате одлични слики со целосна самодоверба, знаејќи дека фотоапаратот ќе се погрижи за останатото.
Групно снимање со голема брзина и извонредни забавени видео снимки Снимајте динамични движења со помош на режимот на групно снимање со голема брзина или забавете го движењето со помош на режимот на извонредни забавени видео снимки. И двата режими обезбедуваат возбудливи и спектакуларни начини за снимање на динамични објекти.
Составување видео снимки и iFrame видео Режимот за составување видео снимки снима до 4 секунди од движењата пред да ја снимите фотографијата, а потоа ги спојува сите записи од истиот ден во една VGA видео снимка која можете да ја додадете на вашата колекција на фотографии. Видео форматот iFrame претставува едноставен начин за брзо увезување, уредување и споделување на видео снимките.
Рачна контрола Од полу-автоматски Av и Tv режими до целосна рачна контрола, можете да контролирате само еден аспект на експозицијата или да превземете целосна контрола.
Водоотпорно куќиште Изборното водоотпорно куќиште (WP-DC42) ви овозможува да одите на длабочини до 40m.
*Употребата на GPS уредот може да биде ограничена во одредени земји или региони. Користењето на GPS уред треба да биде во согласност со законите и правилата на државата и областа во која се употребува, вклучувајќи ги и сите ограничувања за користење на електроника.
|
|
 |
|