Canon PowerShot SX30 IS Компактни дигитални фото-апарати
Архива на производи
|
|
|
|
PowerShot SX30 IS содржи оптичка експертиза од Canon со исклучително широк оптички зум од 35x. Оптичкиот стабилизатор на слика во 4,5 чекори и помошта за обликување на кадарот при зумирање нудат едноставно снимање на фотографии и HD видео снимки со голем зум.
|
|
Карактеристики |
- Исклучително широкоаголен објектив со 35x зум
- Оптички стабилизатор на слика (4,5 чекори), USM, VCM
- 14,1 MP CCD
- 6,8 cm (2,7") LCD екран со променлив агол, ОВ
- HD видео снимки, HDMI
- Интелигентен автоматски режим
- Рачни режими, слаба осветленост и видео со минијатурен ефект
- Помош за обликување на кадарот
- Servo AF/AE
- Систем на обемна дополнителна опрема
|
|
| Надминете ги вашите очекувања со зум од 35x |
|
Исклучително широкоаголен објектив со 35x оптички зум Огромниот оптички зум во комбинација со исклучително широкоаголниот приказ ви ги нуди речиси сите фокусни должини кои ќе ви бидат потребни (24-840mm). Од широки пејзажи и сцени во затворен простор до доближувања со голем опсег, овој фотоапарат е соодветен за секоја прилика.
Оптички стабилизатор на слика Моќниот оптички стабилизатор на слика нуди врвна компензација во 4,5 чекори и овозможува снимање на остри слики при слаба осветленост или при користење на многу големи фокусни должини.
Сензор со 14,1 мегапиксели и DIGIC 4 процесор Сензорот со висока резолуција овозможува печатење на многу големи A2+ материјали за импресивни прикажувања. Исто така, овозможува добивање на одлична фотографија од поширока сцена дури и со значително отсекување.
6,8 cm (2,7") LCD екран со променлив агол PureColor II VA LCD екранот со променлив агол овозможува едноставно обликување на кадарот од незгодни агли, а благодарение на режимот за брзо осветлување од Canon, снимањето и прегледувањето при силна сончева светлина може да се олесни со едно притиснување на копче
HD видео снимки со динамичен IS, HDMI Висококвалитетните HD видео снимки (720p) се снимаат со стерео звук и со динамички оптички стабилизатор на слика за добивање на постабилни слики дури и кога се движите. Ултрасоничниот мотор (USM) на објективот обезбедува прецизно и тивко зумирање, додека интелигентниот автоматски режим ги оптимизира снимените видео снимки од 21 различни сцени.
Интелигентен автоматски режим Интелигентниот автоматски режим избира подесувања од 28 различни сцени и овозможува снимање на прекрасни слики без премногу да се грижите за подесувањата. Фотоапаратот автоматски го анализира објектот и одлучува што е најдобро за добивање на оптимални резултати.
Рачни режими, слаба осветленост и видео со минијатурен ефект
Додадени се нови режими на фотографирање кои овозможуваат поголемо уживање при креативното експериментирање. Оставете впечаток со помалата големина на минијатурниот ефект, добијте подобри резултати со режимот на слаба осветленост и добијте целосна контрола со рачните режими.
Помош за обликување на кадарот При снимање со максимален зум, следењето на оддалечениот објект може да биде тешко. Со притиснување на копчето за помош за обликување на кадарот можно е брзо оддалечување од сцената - овозможувајќи им на корисниците да го пронајдат објектот и повторно да го вметнат во оригиналниот кадар - а потоа приближување во моментот кога копчето ќе биде пуштено.
Servo AF/AE Servo AF/AE постојно го прилагодува фокусот и експозицијата на објектите во движење, овозможувајќи ви да ги снимите со одлична јасност и осветленост.
Систем на обемна дополнителна опрема Во изборната дополнителна опрема спаѓа адаптер за филтер на објектив со рамка од 67mm за прикачување на филтери на објективот, а неговиот прикриен приклучок за блиц е компатибилен со палетата на Speedlite блицеви од Canon.
|
|
 |
|