|
|
|
Приближете се со PowerShot SX40 HS. Благодарение на ултра широкиот оптички зум од 35x, одличните резултати при слаба осветленост на HS системот, Full HD снимањето и фотографирањето со голема брзина, ова е навистина моќен апарат за оние кои сакаат да имаат сè.
|
|
Карактеристики |
- 35x зумирање со ултра широк агол со USM
- Стабилизатор на слика (4,5 чекори). Интелигентна стабилизација на слика
- HS систем (12,1 MP) со DIGIC 5
- Full HD, HDMI
- 6,8 cm (2,7") LCD екран со променлив агол, EVF
- Интелигентен автоматски режим, WB на повеќе површини
- Групно снимање со голема брзина HQ
- Рачни режими
- Помош за обликување на кадарот
- Широка палета на дополнителна опрема
|
|
| Оддалечете се и приближете се со зум од 35x |
|
35x зумирање со ултра широк агол со USM Огромниот оптички зум кој вклучува ултра широк агол од 24mm обезбедува неверојатен опсег (24-840mm) за секакви потреби, почнувајќи од прекрасни пејзажи и сцени во затворен простор па сè до приближувања од голема далечина за дивината. Ултрасоничниот мотор обезбедува многу прецизно, речиси бесшумно зумирање дури и во видео режим.
Слики без потреси со интелигентна стабилизација на слика Моќниот оптички стабилизатор на слика нуди остри слики при слаба осветленост или кога зумот се користи до краен степен. Интелигентната стабилизација на слика автоматски го избира оптималниот режим за стабилизација на сликата помеѓу 7-те опции, за да обезбеди јасни, детални фотографии и видео записи.
HS систем со DIGIC 5 Како моќна комбинација на најновиот DIGIC 5 процесор на слика и CMOS сензор со висока чувствителност, HS системот ви овозможува снимање со низок шум и висок квалитет на слика, дури и при слаба осветленост - намалувајќи ја потребата од блиц или статив, замрзнувајќи ги движењата без заматување и зголемувајќи го достапниот опсег на блиц
Full HD видео снимки со HDMI-CEC Снимајте врвни Full HD (1080p) видео содржини со 24fps и стерео звук. HDMI-CEC поврзувањето овозможува гледање без загуби во квалитетот на компатибилен HD телевизор и контрола на репродукцијата со далечинскиот управувач од телевизорот.
LCD екран со променлив агол и визир PureColor II VA LCD екранот од 6,8 cm (2,7”) со променлив агол обезбедува одлична видливост и овозможува лесно обликување на кадарот од тешките агли. Електронскиот визир може да обезбеди постабилно насочување.
Интелигентен автоматски режим со WB на повеќе површини Интелигентниот автоматски режим е целосно автоматизиран, при што фотоапаратот може да открие 32 различни сцени (21 за видео снимки), обезбедувајќи добивање на оптимални резултати. Балансот на белата боја на повеќе површини нуди снимање на сцените во нивните природни бои дури и кога тие се осветлени со повеќе типови на светлина.
Групно снимање со голема брзина HQ Снимајте ги сцените кои траат дел од секунда со резолуција од 12,1 MP, со брзина до 10,3 снимки/сек. со до 8 слики, со помош на режимот на групно снимање со голема брзина HQ.
Рачни режими Рачните режими ви овозможуваат да превземете целосна контрола врз експозицијата за да ги добиете посакуваните резултати. Лесно изберете ги вашите сопствени параметри како вредност на решетка, брзина на бленда, баланс на белата боја и ISO.
Помош за обликување на кадарот Помошта за обликување на кадарот нуди помош при следењето на оддалечениот објект при снимање со максимален зум. Со притиснување на копче се врши брзо оддалечување од сцената - за да можете повторно да го лоцирате објектот - зумирајќи назад кога копчето ќе биде отпуштено.
Широка палета на дополнителна опрема Изборниот адаптер за филтер на објективот овозможува прикачување на филтери на објективот од 67mm од EOS палетата на Canon. Приклучокот за блиц овозможува користење на Canon Speedlite EX блицеви за зголемување на опсегот на блицот и проширување на вашата креативност.
|
|
 |
|
| примероци од слики |
| PowerShot SX40 HS |
|