Одете напред со системот EOS - најсестраниот систем за дигитални SLR во светот, заменливи објективи и додатоци. Докажано од професионалци во своето поле на работа. Омилен меѓу фотографите ширум светот.
Едноставно означете до 3 полиња со производи за да ги видите производите паралелно споредени.
EOS 1000D
Одликувајќи се со CMOS сензор со 10,1 мегапиксели и технологија наследена од професионалните Canon модели, EOS 1000D ви нуди моќна EOS обработка на слики во практичен пакет со достапна цена.
EOS 1100D
Напреден, компактен и достапен: вашите први чекори во светот на фотографирањето со DSLR, овозможено со EOS 1100D од Canon.
EOS 500D
Со EOS 500D, секој дел од вашата приказна ќе стане пореалистичен. Доловете го секој детал со резолуција од 15,1 мегапиксели, или пак снимајте Full High Definition видео со неверојатна изостреност.
EOS 550D
Снимете ја вашата приказна со извонредни детали со EOS 550D. Со креативна слобода за снимање на најважните снимки, погледнете ги сите детали од романтичниот залез на сонцето или следете ја акцијата за време на фудбалските натпревари.
EOS 600D
Со резолуцијата од 18 мегапиксели која е водечка во својата класа, практичниот дизајн и целосната палета на EOS објективи и дополнителна опрема на ваше располагање, EOS 600D нема да дозволи ништо да ви застане на патот на вашето фотографирање.
EOS 60D
Разбудете ја вашата креативна страна со EOS 60D. Изразете се преку создавање неверојатни фотографии или Full HD видео снимки користејќи го LCD екранот со променлив агол и напредните креативни функции.
EOS 50D
Како совршена комбинација на брзина и квалитет, сензорот 15,1 MP CMOS и процесорот DIGIC 4 на EOS 50D испорачуваат величествени ISO перформанси, флексибилност на сликање и бескомпромисен квалитет на сликата.
EOS 7D
Изработен за да одговори на страста на фотографите. Со 18MP сензор, фотографирање до 8fps, ISO12800, интелигентен визир и Full HD 1080 видео, EOS 7D нуди врвни перформанси со ненадмината разноврсност.
EOS 5D Mark II
EOS 5D Mark II со можност за снимање на целиот кадар нуди комбинација од исклучителна резолуција, брзина на снимање до 3,9 fps и врвни перформанси со високи ISO перформанси. Додавањето на можност за снимање на целосен HD филм ги проширува границите на фотографијата.
EOS-1D Mark IV
Како лидер во брзина и резолуција, EOS-1D Mark IV го доловува чудесното. Замрзнете ги динамичните сцени со 16,1 милиони точки и брзина до 10fps или со Full HD видео - EOS-1D Mark IV е подготвен за сè.
EOS-1D X
EOS-1D X ја комбинира брзината со квалитетот на слика и ја создава новата генерација на фото апарати за професионалци. Сензорот за целосни слики од 18 мегапиксели со два “DIGIC 5+” процесори ги поставува стандардите, а брзината на фотографирање со 12 кадри во секунда ги надминува тие стандарди.
Испечати ја оваа страница