21 мегапиксел полн кадар CMOS сензор CMOS сензорот со полн кадар на EOS-1Ds Mark III обезбедува масивни 21 мегапиксели детали - кои го надминуваат стандардниот квалитет кој се бара од водечките фотоагенции. Сликите се обработуваат со 14 bit-на длабочина на бојата, за пофини тонски градации. Квалитетот на сликата е обезбеден со ефикасна редукција на изобличувањето при голема чувствителност и со нископропустлив филтер, кој ги победува погрешните бои и ефектот moiré. Широкиот динамичен опсег на сензорот може со помош на функцијата за приоритет на вредноста на тонот да се постави за да сочува повеќе детали од светлите подрачја.
Двојни процесори "DIGIC III" Двојните процесори "DIGIC III" ги поттикнуваат перформансите на фотоапаратот, овозможувајќи речиси моментални времиња на стартување и одговор.
До 5 fps со групно снимање на 56 слики EOS-1Ds Mark III обезбедува до 5 слики во секунда за континуирано групно снмање до 56 JPEG слики (12 во RAW формат).
Широко AF со 19 точки од вкрстен тип Високопрецизниот систем за AF користи 19 точки од вкрстен тип, со чувствителност до f/2.8, распоредени ширум подрачјето на AF, за да се задоволат предметите надвор од центарот. 26-те помошни AF точки помагаат при следењето со автоматски фокус за зголемување на прецизноста.
EOS вграден систем за чистење
Вградениот систем за спречување на прав и за чистење користи комбинација на технологии за да го намали, одбива и отстрани правот од сензорот. Сензорската единица за само-чистење го стресува правот од сензорот при секое вклучување.
Широк опсег ISO
Широкиот опсег ISO од 100 до 1600, како стандард, може да се прошири до L:50 и H:3200.
3,0" ЛЦД со режим Live View
Јасниот 3,0" ЛЦД обезбедува извонредно остра дефиниција за проверка на фокус и на композиција, со 10х зголемување за поситни детали. Кога сликате од незгодни положби, режимот Live View ви ја дава опцијата да го правите кадарот преку ЛЦД.
Picture Style (стил на слика) Зададените нагодувања на Picture Style овозможуваат лесна обработката на сликите. Секој стил нуди различна реакција на бојата - слично на начинот на кој се се менува типот на филмот за да се постигнат различни ефекти. Зададените параметри во Picture Style може да се прилагодуваат на потребите на корисникот, и тоа на самиот фотоапарат или преку софтверот Picture Style Editor.
Куќиште од магнезиумска легура, отпорно на сите временски прилики Куќиштето од магнезиумска легура, со дихтување против влага, го штити EOS-1Dѕ Mark III од лошо време и од суровоста на секојдневното користење.
Компатибилност на системот EOS EOS-1Dѕ Mark III е компатибилен со сите EF објективи (со искл. на EF-S објективи), со сите единици на блицови Speedlite од серијата EX и со безжичниот предавател на датотеки WFT-E2.
|