spacer image spacer image spacer image spacer image spacer image spacer image spacer image spacer image spacer image spacer image spacer image
За насЗа сите информации за организацијата Канон  |   Каде да се купиПронајдете го најблискиот добавувач на производи и решенија на Канон |   КонтактДетали за контакти во врска со глобалните активности на Канон Canon Makedonija spacer image spacer image
spacer image spacer image spacer image
spacer image spacer image
         
spacer image spacer image
spacer image Почетна страница > за дома > Пронаоѓач на производ > Дигитални SLR фото-апарати > EOS 1100D spacer image spacer image
spacer image

Canon EOS 1100D
Дигитални SLR фото-апарати

Product Tour
EOS 1100D

Напреден, компактен и достапен: вашите први чекори во светот на фотографирањето со DSLR, овозможено со EOS 1100D од Canon.

Карактеристики

  • Извонреден квалитет на слика со 12 мегапиксели
  • Водич за функции на екранот
  • Креативен автоматски режим и Basic+
  • Снимање HD видео
  • ISO чувствителност од 100-6400
  • AF систем со 9 точки и широка површина
  • iFCL мерење на експозиција со 63 зони
  • 6,8cm (2,7”) екран со 230.000 точки
  • Се користи со сите EF и EF-S објективи
Направете го првиот чекор



Резолуција од 12 мегапиксели
Преминете на DSLR квалитет на сликата со сензорот со 12 мегапиксели и APS-C големина. 14-битниот DIGIC 4 процесор на слика обезбедува континуирано снимање со брзина до 3,2fps и слики со врвни детали и опсег на тонови.

Интуитивен водич за функции на екранот
Водичот за функции кај EOS 1100D нуди опис за многу функции на фотоапаратот, како и совети за нивното користење додека фотографирате.

Режими на сцени кои се едноставни за користење и Basic+
Тематските режими на сцени автоматски ги избираат најсоодветните поставувања за експозиција, фокус и погонски режим за предметот кој се фотографира, додека креативниот автоматски режим на лесно разбирлив начин ги прикажува прилагодливите функции. Со технологијата Basic + од Canon, изгледот и чувството на овие основни автоматски режими можат фино да се прилагодат според амбиентот и видот на осветлување.

HD EOS режим за снимање видео
Снимајте неверојатни HD видео снимки со 25 или 30fps и автоматска контрола на експозицијата која ви овозможува да се концентрирате на случувањата. Снимениот материјал може да се уредува на PC или Mac и директно да се репродуцира на HD телевизор преку HDMI приклучокот на фотоапаратот.

ISO чувствителност од 100-6400
Благодарение на опсегот на ISO чувствителност од 100-6400 на EOS 1100D, можно е снимање при слаба осветленост без блиц. 14-битниот DIGIC 4 процесор на фотоапаратот помага при контролата на шумот и го одржува квалитетот на сликата.

AF систем со 9 точки и широка површина
EOS 1100D брзо и прецизно се фокусира на статични и подвижни предмети, благодарение на деветте AF точки кои се распределени низ кадарот. Централната AF точка од вкрстен тип е чувствителна и на хоризонтални и на вертикални линии.

iFCL мерење на експозиција со 63 зони
Напредното iFCL мерење на експозицијата ја сецка сцената на 63 зони пред да ја анализира за да ја пронајде совршената комбинација на брзина на бленда, решетка и ISO.

6,8cm (2,7”) LCD екран со 230.000 точки
Создавајте и прегледувајте слики на големиот LCD екран со 230.000 точки, кој обезбедува и пристап до менито на системот на фотоапаратот и екранот за брза контрола.

Се користи со сите EF и EF-S објективи
EOS 1100D е поддржан од целосната палета на EOS објективи и дополнителна опрема: блицеви, далечински копчиња и систем со повеќе од 60 објективи на кои им веруваат професионални фотографи од целиот свет.

Print page Испечати ја оваа страница arrow more

spacer image
Преземања
Брошури
Преземање DPP софтвер
Драјвери
Ажурирање фирмвер (firmware)
Примероци на слики
EOS 1100D
Сродни производи
Објективи EF
spacer image
spacer image spacer image spacer image
spacer image
spacer image You Can Image spacer image spacer image
spacer image
spacer image
spacer image   © Заштитени авторски права 2012 година   |   Одредби и услови за употреба   |   Sitemap spacer image spacer image
spacer image spacer image spacer image spacer image
spacer image   © Заштитени авторски права 2012 година   |   Одредби и услови за употреба spacer image spacer image