Мегапиксели од кои ќе ви се заврти умот Феноменалниот CMOS сензор на EOS-1Ds Mark II со 16.7 мегапиксели полн кадар (36 x 24mm) произведува датотеки кои се конвертираат во50MB некомпримиран TIFF со 24 bit-на длабочина на боја: стандарден прифатлив квалитет за водечките меѓународни фото агенции и фото библиотеки. Тој е опремен со вграден нископропустен филтер за елиминирање на ефектот на погрешна боја и на ефектот „moiré“, плус коло за елиминирање на изобличувања, вградено на чипот. Може да се избираат ниски (L:50) и високи (H:3200) нагодувања за проширување на широкиот опсег на камерата од 100-1600 ISO.
Моќ за обработка Управувачките перформанси на фотоапаратот ги напојува DIGIC II, процесор од втората генерација на Canon. Комбинираната технологија на новиот CMOS сензор, DIGIC II и големиот бафер систем, взаемно се надополнуваат за да испорачаат континуирано сликање на 32 кадри големи JPEG со 4 кадри во секунда.
Цврсто изграден Фотоапаратот е заштитен со робусно водоотпорно куќиште од магнезиумска легура, додека издржливоста на затворачот е впечатливи 200.000 циклуси. При критични услови на сликање, неговиот режим за резервна копија овозможува двојно снимање, како на CF така и на мемориската картичка SF.
Систем на блиц Системот на Canon за автоматски блиц со проценка преку објективот (Evaluative Through-The-Lens - E-TTL II) му дава на EOS-1Ds Mark II прецизен систем на блиц, поврзан со далечината, кој е точен и сигурен во сите услови. E-TTL II постигнува точна експозиција и постабилна контрола, особено кај светли или рефлектирачки предмети, или кај предмети надвор од центарот.
Креативна контрола 2,0" ЛЦД на EOS-1Ds Mark II, со 230.000 пиксели, е идеален за проверка на фокусот и на композицијата, а неговиот зум 10х ги зголемува деталите, осигурувајќи дека ја имате снимката што ја сакате. Покрај симултаното сликање RAW и JPEG, тука е и опцијата за бирање sRGB или Adobe RGB простор на боја. Отстапувањата на балансот на белата боја (WB) може да се поправаат за +/-9 нивоа, како за отстапувања во сино/жолто така и во магента црвено/зелено, а WB во загради е поддржано до ±3 нивоа.
Поврзување Новиот софтвер Digital Photo Professional овозможува многу брза обработка на RAW датотеки без загуба, за уште поголема контрола. За целосно поврзување, интерфејсите на фотоапаратот вклучуваат FireWire (IEEE1394) и Video Out. Вклучена е и порта за USB, за директно печатење. EOS-1Ds Mark II е компатибилен со EF објективи и со блицови Speedlite од серијата EX.
|