12,2 мегапиксели CMOS сензор 12,2 мегапикселскиот CMOS сензор ви дава многу детали за отпечатоци со големина на постер, како и дополнителна флексибилност при отсекување. Чувствителен при слабо светло и речиси бешумен, CMOS сензорите на Canon се и зачудувачки економични во трошењето струја.
Сликање со 3,5 fps EOS 450D испорачува 3,5 кадри во секунда за континуиран рафал до 53 големи JPEG слики (6 во RAW).
AF во широко поле со 9 точки 9-те точки за AF се распоредени по кадарот за подобро прилагодување кон предметите што се надвор од центарот. Централната точка за AF е високо чувствителен сензор од вкрстен тип, за брзо, точно фокусирање со објективи f/2.8 и побрзи.
EOS вграден систем за чистење Вградениот систем за заштита од прав користи три методи за да ги одржува сликите без дамки. (1) Специјализираните материјали го намалуваат создавањето на правот во внатрешноста на фотоапаратот. (2) Самочистечката сензорска единица го стресува правот секојпат кога ќе го вклучите или исклучите фотоапаратот. (3) Тврдокорните дамки од прав се означуваат и лесно се отстрануваат во Digital Photo Professional.
3,0" ЛЦД со режим Live View Јасниот 3,0" ЛЦД обезбедува извонредно остра дефиниција за проверка на фокус и на композиција, со 10х зголемување за поситни детали. Кога сликате од незгодни положби, режимот Live View ви ја дава опцијата да го правите кадарот преку ЛЦД, а ви дава и избор на режими на фокусирање.
Процесор DIGIC III Познат по својата точност на балансот на белата боја, DIGIC III дава бои со брилијантна прецизност, верни на вистинските. Зафатените слики се обработуваат со 14 bit-на длабочина на бојата, за пофини тонски градации. DIGIC III работи ефикасно за минимизирање на потрошувачката на струја, одржувајќи ги времињата на ултра-брза реакција.
Голем, јасен визир Големиот визир дава јасен и чист поглед за лесно компонирање на сцена.
Целосна контрола над сликата Зададените нагодувања на Picture Style овозможуваат лесна контрола врз параметрите на обработката на сликата. Контрастот, острината и сатурацијата може кориснички да се прилагодуваат во камерата или преку софтверот Picture Style Editor. По сликањето, RAW софтверот за обработка Digital Photo Professional, на Canon, ви овозможува се што ви треба за управување и обработка на вашите RAW слики.
Компактен и лесен Ергономично дизајниран за природно и интуитивно ракување, EOS 450 е сместен во компактно куќиште, кое тежи само 475 грама.
EF објективи и прибор EOS 450D е компатибилен со преку 60 EF/EF-S објективи и со сите Speedlite блицови од серијата EX.
|