Со EOS 500D, секој дел од вашата приказна ќе стане пореалистичен. Доловете го секој детал со резолуција од 15,1 мегапиксели, или пак снимајте Full High Definition видео со неверојатна изостреност.
|
CMOS сензор со 15,1 MP Идеален за корисниците на кои им е потребно печатење со големина на постер – или сакаат да вршат одлично отсекување на сликите без да ги загубат деталите кои им се потребни да се испечатат – 15,1MP CMOS сензорот на Canon се одликува со многу мал шум на сликата и дава исклучителни резултати при слаба осветленост.
Снимање на Full HD видео EOS 500D нуди комбинација на фотографирање со врвен квалитет и можност за снимање на Full HD (1080p) видео. Во приликите кога треба поголеми содржини да се складираат на мемориска картичка, корисниците можат да се одлучат и за снимање со 720p или VGA резолуција. HDMI поврзувањето овозможува High Definition репродукција на видео содржини и фотографии на кој било HD телевизор.
Висока ISO чувствителност при недоволна осветленост Кога нивото на осветлување е намалено, EOS 500D нуди ISO опсег до 3200,со можност за проширување до 12800 за средините во кои користењето блиц е непожелно.
Групно снимање до 170 JPEG слики со брзина до 3,4fps EOS 500D се одликува со брзина на снимање до 3,4fps во континуирани групи до 170 големи JPEG слики (9 RAW).
3,0” Clear View LCD екран со режим на прегледување во живо 3,0” ClearView LCD екранот кој содржи импресивни 920.000 точки ќе ви овозможи зголемена јасност и детална проверка на фотографиите и видео снимките. Префрлете се во режимот на прегледување во живо и контролирајте ја сликата во реално време при снимање од незгодни агли.
AF систем со 9 точки AF системот со висока прецизност користи 9 AF точки. AF точките се распределени низ целата слика заради подобро снимање на објектите кои не се централно поставени. За прецизно фокусирање кај објективите со брза решетка, централната AF точка користи сензор со вкрстување со висока чувствителност, погоден за објективи со решетка од f/2,8 или побрзо.
DIGIC 4 DIGIC 4 процесорот на Canon работи во комбинација со CMOS сензорот за постигнување на 14-битна обработка на сликата, заради добивање на рамномерна градација на тоновите и природен изглед на боите. DIGIC 4 исто така нуди напредно намалување на шумот при снимање со високи ISO брзини, како и брзо вклучување за дел од секундата и речиси моментално прегледување на сликите по снимањето.
EOS вграден систем за чистење Вградениот систем на Canon нуди три начини на заштита на снимките од прав: намалување на внатрешното генерирање прав, внатрешен механизам за чистење на сензорот и можност за лоцирање на тврдокорните дамки заради нивно отстранување со испорачаниот софтвер Digital Photo Professional.
Целосна компатибилност со EF/EF-S објективи и EX Speedlite блицеви EOS 500D е компатибилен со комлетниот асортиман на Canon на EF и EF-S објективи и Speedlite блицеви од EX серијата. Ова овозможува креирање на систем за снимање кој е исто толку уникатен колку и самиот фотограф кој го користи.
|