Како совршена комбинација на брзина и квалитет, сензорот 15,1 MP CMOS и процесорот DIGIC 4 на EOS 50D испорачуваат величествени ISO перформанси, флексибилност на сликање и бескомпромисен квалитет на сликата.
|
15,1 мегапиксели CMOS сензор Canon-овиот CMOS сензор со големина APS-C испорачува ултра-детални слики без шумови – идеални за репродукција во голем формат и за креативно исечување. Редизајнираните пиксели со микро објективи без празнини, ја прошируваат способноста за собирање светлина, за извонредни перформанси во целиот ISO опсег.
Континуирано сликање на 6,3 fps Совршен за секвенци од спортот, дивиот свет и акцијата, EOS 50D фаќа 6,3 кадри во секунда, за континуирани рафали до 90 JPEG-и со UDMA картичка.
DIGIC 4 DIGIC 4 е моќната машина за обработка на EOS 50D, која работи со CMOS сензор за да испорача 14-bit-на обработка на слика за беспрекорни градации и природен изглед на боите. Доволно брз за континуирано сликање со 6,3 fps, DIGIC 4 е одговорен и за речиси моменталното стартување на EOS 50D и брзиот преглед на сликите по сликањето.
ISO опсег За сликање со голема брзина на затворачот во услови на слабо светло, EOS 50D има основни ISO брзини до 3200, што може да се прошири на ултра-чувствителни 12800.
LCD со јасен поглед VGA LCD екранот со 3,0” и 920.000 точки, нуди извонредна јасност, совршено за проверување на фокусот и за компонирање на сликите. Големиот агол на гледање, поврзан со режимот на гледање во живо (Live View), го олеснува фотографирањето под незгодни агли.
Режим на гледање во живо Режимот на гледање во живо им овозможува на корисниците точно да ги ставаат сликите во кадар, во ситуации кога барачот не е од помош. Специјалното копче за гледање во живо ги прикажува сликите на екранот во вистинско време, нудејќи три типа на автоматско фокусирање: Quick AF, Live AF, и новото Face Detection Live AF, кое фокусира врз основа на лица, кои ги открива во кадарот.
Широко AF со 9 точки од вкрстен тип Високопрецизниот систем на AF користи 9 точки од вкрстен тип, за прецизно фокусирање и на хоризонталните и на вертикалните рамнини. Централната точка за AF нуди чувствителност до f/2.8. Точките се распоредени по кадарот за AF за подобро прилагодување кон предметите што се надвор од центарот.
Куќиште од магнезиумска легура Изграден за секојдневно користење со големи барања, лесното куќиште на EOS 50D од магнезиумска легура е отелотворение на заштита од надворешните влијанија за перформанси на кои можете да сметате.
EOS вграден систем за чистење Canon-овиот EICS комбинира материјали со специјални компоненти за да го намали создавањето на прав, облога од флуор на филтерот со ниска пропустливост за да го одбива правот, и самочистечка сензорска единица за стресување на правот при вклучување/исклучување.
Прибор EOS 50D е компатибилен со преку 60 EF и EF-S објективи и со сите единици на блицови Speedlite од серијата EX.
|