21,1 мегапиксел полн кадар CMOS сензор За врвно креативно сликање, EOS 5D Mark II е опремен со целосен кадар CMOS сензор (36mm x 24mm). Без ефекти на намалување или зголемување, уживајте во вистинско широкоаголно искуство преку големиот, осветлен визир. Редизајнираните пиксели го намалуваат искривувањето, додека пак резолуцијата од 21,1 мегапиксел ги надминува стандардите што ги бараат водечките агенции за фотографии.
DIGIC 4 DIGIC 4 на Canon работи со сензорот за слика на EOS 5D Mark II за да обезбеди неверојатна репродукција на боите и суптилните градации на нијансите. DIGIC 4 исто така обезбедува време на вклучување за дел од секунда, Откривање лице AF во Режим на поглед во живо и дополнително снимање на HD филм.
Високи ISO вредности За рачно сликање при слабо светло, EOS 5D Mark II нуди ISO брзини до 6400. За темни сцени каде не е пожелно користење на блиц, брзината може да се зголеми до неверојатни ISO 25600.
Снимање на Full HD видео EOS 5D Mark II ги надопполнува врвните способности за сликање на фотографии во мирување со снимање на целосно HD (1080) видео. Корисниците можат дури и да снимат видео на мемориска картичка без да ја изгубат способноста да сликаат слики во мирување. Конекцијата HDMI овозможува High Definition репродуцирање на исечоци од филмови и слики на HDTV.
3,0” LCD со висока резолуција 3,0” Clear View LCD опремен со резолуција од 920.000 точки, широк агол на гледање и двојна антирефлексивна обвивка - овозможуваат крајно детален преглед на слики во различни услови. Поглед во живо прикажува слики на LCD во реално време, нудејќи три вида на автоматски фокус: Брз AF, AF во живо и Откривање лице AF, кое се закочува на лицата откриени во кадарот.
До 3,9 кадри во секунда EOS 5D Mark II нуди континуирано снимање со брзина до 3,9 слики во секунда. При сликање на JPEG на UDMA картичка, максималното сликање е ограничено само од капацитетот на картичката.
AF со 9 точки + 6 помошни AF точки Прецизноста на автоматскиот фокус е обезбедена со AF системот на Canon, кој користи 9 точки за избор и 6 помошни AF точки.
EOS вграден систем за чистење Вградениот систем на Canon за спречување прашина нуди три начини на заштита на сликите од прашина: намалување на внатрешно генерирање прашина, внатрешен механизам за чистење на сензорот и можност за лоцирање на тврдокорните точки од прав заради нивно отстранување со софверот Digital Photo Professional (испорачан).
Долготраен, компактен дизајн Со конструкција изработена од легура на магнезиум со која се обезбедува заштита на животната средина и трајност на затворачите од 150.000 отоврања, EOS 5D Mark II е еднакво соодветен за работа на терен или за работа во студио.
|