APS-C CMOS сензор со 18 MP CMOS сензорот со 18 мегапиксели и APS-C големина снима јасни слики кои се исполнети со детали. Високата резолуција овозможува печатење на огромни големини и флексибилност со отсекување на сликите за поинакви композиции.
ISO чувствителност од 100-6400 ISO опсегот од 100-6400, кој може да се прошири до ISO 12.800, овозможува висококвалитетно рачно фотографирање во услови со слаба осветленост, без потреба од блиц.
14-битна обработка на слика Во срцето на EOS 600D од Canon има 14-битен DIGIC 4 процесор на слика кој обезбедува исклучителна репродукција на бои, рамномерна градација на тонови и одлична контрола на шумот.
Автоматски режим за интелигентно откривање на сцени Автоматскиот режим за интелигентно откривање на сцени детално ја анализира секоја сцена и секогаш ги одбира вистинските подесувања на фотоапаратот, така што вие ќе можете да се концентрирате на она што е важно – вашето фотографирање.
Водич за функции на екранот Водичот за функции кај EOS 600D нуди опис за многу функции на фотоапаратот, како и совети за нивното користење.
Full-HD EOS видео Снимајте Full-HD видео со рачна контрола на стапката на сликите, експозицијата и звукот. Технологијата на куси видео записи врши спојување на кратки видео снимки од 2, 4 или 8 секунди во еден видео фајл, за добивање на материјал кој изгледа професионално уреден, додека дигиталното зумирање на видео овозможува зголемување од 3-10x.
AF систем со 9 точки и iFCL мерење Девет AF точки, во кои спаѓа еден централен сензор од вкрстен тип, распределени низ кадарот за брзо и прецизно фокусирање, дури и на објекти кои не се централно поставени. iFCL мерењето со 63 зони секогаш обезбедува прецизна експозиција.
7,7cm (3,0”) екран со променлив агол и 1.040k точки Снимајте од уникатни агли со помош на 7,7cm (3,0”) 3:2 Clear View LCD екран, кој содржи 1.040.000 точки за зголемена јасност.
Basic+ Технологијата Basic+ им овозможува на фотографите да ги прилагодат основните автоматски подесувања според условите на осветлување или амбиентот.
Ефекти со креативни филтери Ефектите со креативни филтери, во кои спаѓаат ефектите фотоапарат-играчка, мек фокус, минијатурен ефект, црно-бела зрнеста текстура и ефект на рибино око, може да се применат на Raw и JPEG фајлови по снимањето.
Вградена контрола за безжичен блиц Интегрираниот контролор за безжични Speedlite блицеви и технологијата за едноставно безжично поврзување овозможува користење на надворешен TTL блиц без потреба од дополнителна опрема.
Се користи со сите EF и EF-S објективи EOS 600D е поддржан од целосниот систем на: блицеви, далечински копчиња и над 60 објективи на кои им веруваат професионални фотографи од целиот свет.
|