18 MP CMOS сензор Идеален за корисниците на кои им е потребно печатење со големина на постер – или сакаат да вршат отсекување на сликата без да ги загубат потребните детали – 18MP CMOS сензорот на EOS 60D се одликува со многу мал шум на сликата и дава исклучителни резултати при слаба осветленост.
Напредни креативни функции Искористете ја вашата имагинација за подобрување на фотографиите со палетата на креативни филтери како што е ефектот на фото апарат-играчка или мекиот фокус. Овие филтери може да се применат на RAW и JPEG слики, овозможувајќи креативна контрола по снимањето на фотографијата. При снимање со основните режими, Basic+ ви овозможува да примените креативен амбиент нудејќи ви креативна контрола без потреба од огромно познавање на фотографирањето.
7,7cm (3,0”) 3:2 Clear View LCD екран со променлив агол
Вршете детални проверки на сликите и снимајте од уникатни или незгодни агли со Clear View LCD екранот од 7,7cm (3,0”) и сооднос од 3:2, кој се одликува со неверојатни 1.040.000 точки за зголемена јасност. Префрлете се во режимот на прегледување во живо и контролирајте ја сликата во реално време за да го снимите најдобриот агол.
Снимање на Full HD видео EOS 60D нуди комбинација на фотографирање со врвен квалитет и можност за снимање на Full HD (1080p) видео. За да ја задоволите вашата креативност, EOS 60D се одликува со целосна рачна контрола и избор на стапка на слики. Исто така, може да снимате видео снимки со 50/60fps и 720P со голема брзина кога дејството брзо се одвива. HDMI поврзувањето овозможува High Definition репродукција на видео содржини и фотографии на кој било HD телевизор. Репродукцијата на телевизори со HDMI може да се контролира со користење на далечинскиот управувач.
DIGIC 4 DIGIC 4 процесорот на Canon работи во комбинација со CMOS сензорот за постигнување на 14-битна обработка на сликата, заради добивање на рамномерна градација на тоновите и природен изглед на боите. DIGIC 4 исто така нуди напредно намалување на шумот при снимање со високи ISO брзини, плус брзо вклучување за дел од секундата и речиси моментално прегледување на сликите по снимањето.
Висока ISO чувствителност при недоволна осветленост За ситуациите со недоволна осветленост, EOS 60D се одликува со ISO опсег до 6400 – со можност за проширување до 12800 за средините во кои користењето блиц не е пожелно.
iFCL систем на мерење Двослојниот сензор за мерење со 63 зони ги анализира информациите за фокусот, боите и осветленоста, обезбедувајќи прецизно и постојано мерење.
Екран за брза контрола Достапен со користење на наменско копче, тој обезбедува едноставен пристап до често употребуваните функции, овозможувајќи ви да ја направите снимката во вистински момент.
Креирајте систем за снимање кој е исто толку уникатен колку и вие EOS 60D е компатибилен со комплетната палета на Canon EF и EF-S објективи и Speedlite блицеви од EX серијата.
|