Изработен за да одговори на страста на фотографите. Со 18MP сензор, фотографирање до 8fps, ISO12800, интелигентен визир и Full HD 1080 видео, EOS 7D нуди врвни перформанси со ненадмината разноврсност.
|
APS-C CMOS сензор со 18 мегапиксели EOS 7D нуди извонредна резолуција благодарение на својот 18MP CMOS сензор. Фотографите добиваат избор на поголема флексибилност и креативност.
До 8 слики во секунда Снимајте 14-битни слики со стандардна брзина до 8 fps, во серии до 126 големи JPEG слики; фотографите ќе можат да ги доловат и деталите и случувањата.
Високи ISO вредности За рачно фотографирање при слаба осветленост, EOS 7D Mark ISO нуди ISO брзини до 6400. Можност за проширување до ISO 12800, за средините со слаба осветленост во кои користењето блиц не е пожелно.
Интелигентен визир Визирот на EOS 7D со зголемување од 1,0x обезбедува целосен и природен поглед на вашиот објект. Интелигентниот визир нуди фотографски информации какви што досега не се видени кај EOS апаратите, вклучувајќи електронско ниво со двојна оска за добивање на совршени хоризонти.
AF систем со 19 точки со вкрстување Новодизајнираниот AF сензор со режими за зонско и фокусирање во точка, на фотографите им обезбедува нови начини за избор на AF точките. Сите точки се со тип со вкрстување при што централната точка нуди f/2,8 и f/5,6 сензори.
iFCL систем на мерење Новиот двослоен сензор за мерење со 63 зони ги анализира информациите за фокусот, боите и осветленоста, обезбедувајќи прецизно и постојано мерење.
DIGIC 4 Двојниот “DIGIC 4” процесор од Canon му обезбедува моќ на EOS 7D за исклучителна репродукција на боите од неговиот CMOS сензор со висока резолуција. DIGIC 4 исто така овозможува 14-битна обработка, одлично намалување на шум, долго траење на батеријата, AF со откривање на лице и снимање на Full HD видео.
Снимање на Full HD видео Исклучителните можности за фотографирање се надополнети со снимање на Full HD 1080 видео, кое вклучува избор на стапка на слики и целосна рачна контрола.
Вграден Speedlite предавател EOS 7D вклучува можност за контрола на повеќе Speedlite блицови без ST-E2 или 580EX II, и вклучува вграден 15mm широкоаголен блиц. Проширете го вашето фотографирање со блиц.
3,0” Clear View II LCD екран 3,0” Clear View II LCD екранот се одликува со резолуција од 920.000 точки, широк агол на гледање и нова структура за подобрен приказ на сликата во услови на силна светлина. Live View овозможува прикажување на сликите на LCD екранот во реално време, нудејќи три режими за автоматско фокусирање.
Куќиште од магнезиумска легура со заштита од временските услови Куќиштето од магнезиумска легура нуди заштита од временски услови еквивалентна на признатиот EOS-1N, EOS интегриран систем за чистење и трајност од 150.000 активирања на блендата. EOS 7D е темелно дизајниран за да се користи од страна на фотографите со најголеми барања.
|